Без надреализам

/, Блесок бр. 56/Без надреализам

Без надреализам

Криенка
Молитвена
Неисчудено чудо
Без надреализам
Пет минути

Еве една онемена куќа
зината од чудо неисчудено досега
и со очи
во кои е поништена дарбата за гледање.
Ѝ чади мозокот од преголем напор
за да го разбере нештото преголемо што е
за нејзината маленкост.
Потоната во сенката на четиринаесеткатницата
ја гледа госпоѓата што излегува од неа
и не може да разбере
какви се тие волшебни чевли
што не ја допираат земјата
и како може да се оди
со главата во облаците
а да не се предизвика
сообраќајка?!

АвторВиолета Танчева - Златева
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|