Без надреализам

/, Блесок бр. 56/Без надреализам

Без надреализам

Криенка
Молитвена
Неисчудено чудо
Без надреализам
Пет минути

Боже! Кај можам да ги носам
тие раце-топузи
на своите тенки нозе
(не можам ни ориз со нив да истребам!)
и таа глава-тиква
на рамењата што си ми ги заборавил
во некое пијано пладне!
Чевлите веќе ми се подизлижаа
барајќи клуч за немеењето
и длапка доволно длабока
за да ми ги собере солзите.
Ај сожали се на мене грдотијата!
Во замена
Ти ги дарувам
златните топченца од увцата.

АвторВиолета Танчева - Златева
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|