Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

Откако секоја можност за иднина
во сегашноста ќе ја исцрпиме
и отфрлиме
како празна черупка
употребена гумичка
поаѓаме во потрага
по замена за себеси

Но минатото е јарем
со кој никако да се справиме
апсолутна контроверза
цивилизациски изум
за единство на погледи
канализирање мисли
и миење мозоци–
биолошка потреба на ѕевгарот

Минатото е мртов цитат
препис стрвина
врз која се нафрламе
како мршојадци
тегнејќи секој свое парче
уплашени
да не се изгубиме себеси
да не ни поцрнат
белите крвни зрнца
виделцето да не ни пресуши
и окотот да не ни пцовиса

Секоја можност е исцрпена
хероите уморни десеткувани
потрагата јалова
Молкум Потајум
си се повлекуваме во сенката
во кожинката наша
во чаурата ни
за трајна хибернација

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|