Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

На Стивен Симски – Дедалус
(драмска персона нон грата)

Јас сум јас
култивиран варварин
цивилизиран декадент
дисидент без егзил
соц-конформист по сила
а не по вокација
сиот за резил
Сум по сеќавање
не по факт
по фат
потфат
Не

По сеќавање
од сеќавање
(не по факт)
тргнувам низ Лавиринтот
срушениот мравјалник
ерозивниот тек
ослепен
засекогаш Талкам
низ белите коридори
озрачени со неон…

… провев бие
од овие празни пергаменти
кртичници на минатото
од папсаниот поглед
на Великиот фактограф
–структуралист
збунет пред можноста
за комбинација
апорија

Не по факт
Не
Јас сум јас
ентелехија
облик од облици
зачнат по сеќавање
од Адам и Ева
по фрагментарен код
генетски амалгам
збирштина од клетки
што си длабат
свои крвотоци

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|