Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

Скитнати меѓу два света
еден мртов †
другиот немоќен да се роди
ни чело
ни тил имаме

Толку малку мозок ни остана
per capita
толку малку разум
во предел од сури спили
и сушни години

Без чело
а на чело со евнуси и ситни души
Рече некој: „Ахеронт е пред нас“†
длабок ко живот
Ноќиме во логор
од некои претходни бедници
полн брбушки и живин отпад
и секој зачмаен во групниот грев
го чекаме Бродарот
без пари да не пренесе преку
до брегот маглив
до целта надежна

до Спасот
што пропаст е крајна
До Крајот
што светиот Спас ни е
не е
е
?
!
.

(аферим interim, interregnum 1990)

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|