Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

Пелтечам пред п-п-п-
портите на Вавилон
сакам кажам–
не знам речам

Гласот се двои
се множи
под јазик се мрести
зборот

Па се прашам:
го кажав ли јас тој збор
или тој мене
или се лажеме–
ќе се лажеме до бескрај
ко што сме се лажеле
уште од памтивек
од првичниот ни џагор-говор

Напор да се препознаеме
во оваа дивина од огледала
во утробата на овој пра-
Зен свет–школка
пра-пра-пра-пра-
постојбина на ехото

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|