Клоака е на ереси
и еретици
што Европа ги пали
и гасне по своите клади
ги развлекува
на прокрустијански постели
и нехристијански
им го жигосува гревот
в мозок
Јазол е од светло и темно
што по правило
само со нож се разврзува
Крст-о-пат е од бесилки
гумно од (к)оски
вод-о-пад од солзи…
Од премногу минато
ни мир
ни сегашност има