Автопортрет на изгрејсонце

/, Блесок бр. 31/Автопортрет на изгрејсонце

Автопортрет на изгрејсонце

Ангели
Автопортрет на изгрејсонце
Каде си кога ми требаш, Џек Керуак
Ќилибар

Веќе долго време
посакувам да напишам
песна што ќе ги опише
последните денови
од животот на мајка ми
во еден мал крај
кајшто можам да стигнам
само отаде црните дупки
во нејзините очи,
отаде вообичаените
метафори на смртта.
Наместо тоа,
седам во крчмата Хилтоп,
ручам со отворен бележник
пред мене сиот извалкан со сос
втренчено зјапам во купот
пире од компири
со еден единствен збор во умот
– Ќилибар.
Не е важно на колку начини
го влечам, го тегнам, го свиткувам
и го вртам овој збор,
не можам да го вклопам
во реченица за смртта.
Ќилибарна е бојата
на ладното пиво што келнерката
го остава пред мене, начинот
на кој мајка ми ми велеше
дека се напивам и премногу
пред да е за тоа време.
Бонбоната со путер и шеќер
кога имав четири години
имаше вкус на ќилибар
кога се задавив со неа.
Таа ме турна на кујнскиот под
ми ги зграпчи нозете вовис
и почна да ме плеска по грбот
враќајќи го животот назад
еднаш што го дала. Жолтите кринови
на крајот од нејзината бавчичка
најубави токму пред свенување,
мирисаа на ќилибар кога сонцето
ги отвораше за да ги снабди
со ќилибарен извор за умирање
слично на заглавениот ситен комарец –
– мала црна дамка со нозе,
крв и крилја, замрзната со еони
во древното издлабено дрво наречено ќилибар.

АвторЏим МекГара
2018-08-21T17:21:43+00:00 март 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 31|