Авионите со кои летам не се уриваат

/, Блесок бр. 31/Авионите со кои летам не се уриваат

Авионите со кои летам не се уриваат

Sophie B. Hawkins
Кон Лета
Прозорска саксија
Авионите со кои летам не се уриваат
Прво, Пеколот

Најпрвин ги препознаваме вистините
како нешта што им се случуваат на други,
рацете ги зграпчуваат потпирачите на столовите
клопче во кое телата ќе ни се претворат
кога ќе стигнеме во хотелот –
никогаш не сме помислиле
дека би можеле да загинеме во сообраќајка
кога клунот стреми кон земјата
и огнената топка зататнува низ кабината
исчезнувајќи – ко табуретка – толку полека,
а јагленисан чакал од ковчињата во твојата рака
се измешал, нераздвојливо,
со чакалот од мојата рака.

АвторМелиса Фондаковски
2018-08-21T17:21:43+00:00 март 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 31|