Авионите со кои летам не се уриваат

/, Блесок бр. 31/Авионите со кои летам не се уриваат

Авионите со кои летам не се уриваат

Sophie B. Hawkins
Кон Лета
Прозорска саксија
Авионите со кои летам не се уриваат
Прво, Пеколот

според Фрида Кало

На расклатена клупа крај реката очекуваш
рибја чорба – тајна – оној што гледа

би можел да е нешто друго од она што се гледа,
тој животен круг, тоа маскирано исчезнување, таа обврска.

Потоа ти тоа и го виде: гулаби (крилести риби?)
нудеа позлатени појаси (блескаа како златни рипки!)

животна желба врежана со хиероглифи:
откровеничка и неразбирлива!

Иронијата – Тицијанова лејди – ти ја наведнува
вратоврската кон телото, кон земјата.

АвторМелиса Фондаковски
2018-08-21T17:21:43+00:00 март 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 31|