Поезија – Исток Улчар

/, Литература, Блесок бр. 120 - 121/Поезија – Исток Улчар

Поезија – Исток Улчар

ГАНГРЕНА
БЕГСТВА
БРОД ПОЛН НАДЕЖ
ГОЛЕМАТА РЕКАПИТУЛАЦИЈА
НЕКОИ МЛАДИ ОРЛИ


БРОД ПОЛН НАДЕЖ

Кажи ми, пријателе,
дали виде гулаб да го облетува езерово
со гранче од маслинка во својот клун?
Дали нашава арка се закотви онаму
каде човештвото ќе го преродиме?

Ниту, пријателе,
прелета гулаб каков што ми опиша,
ниту, пак, нашава лаѓа се закотви
во ридот на новиот почеток.

Но, овој цврст брод продолжува смело
да ги расекува брановите дождова вода,
знаејќи дека наскоро таа од почвата ќе е впиена,
и дека од Сонцето таа в пареа ќе е прелиена.

АвторИсток Улчар
ПреводАндреј Арсенков
2018-09-20T12:48:26+00:00 септември 19th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 120 - 121|