ПРЕМИН
Кога морниците би можеле да траат со денови
би се исушиле како бобинките на капината,
од нашите тела би испаѓале ридови
суви, виолетови семчиња,
границата засекогаш би била уништена!
Врвот на брановите би се повлекол во дупките
што ги ископале диви кртици
Морето би било сосем мирно
Светот би го чекал преминот