Многу куси раскази

/, Литература, Блесок бр. 17/Многу куси раскази

Многу куси раскази

Погрешен чекор
Несмасни забави
Чудовишта во визбата
Внатрешна бездна
Судбоносна грешка
Последици на невнимание
Безизлезна положба
Катастрофа
Телеграма

Јас морам да бидам ослободен. Јас сум невин. Врз мене се фрлени тешки обвинувања, најжестоки клевети, но јас сè уште тврдам дека не сум направил никаков злостор. Сето мое лежење во мрачните казамати, сето мачно иследување, сето тоа е едно недоразбирање. Еден ден, многу скоро, тоа сето ќе се докаже. Јас верувам.
Јас верувам во тоа макар што, еве, доаѓаат џелатите да ме носат кон високиот ѕид во дворот, зад темните затворски згради.
Јас верувам дека вистината ќе дојде до највисоките судии, дека тие потоа ќе најдат начин да го попречат извршувањето на казната.
И еве, навистина, додека стојам покрај ѕидот а војниците ги подготвуваат пушките, доаѓа гласникот. Тој приоѓа кон заповедникот на стражата и му подава телеграма.
Заповедникот доаѓа до мене и со театрален гест го кине пликот. Тој, секако, се радува дека еден невин човек е спасен.
Потоа ја гледа хартијата. Јас можам да видам преку неговото рамо дека таа содржи еден ред и дури и да го прочитам:
Мнхтгзуип ч98и 2гбнзззтуигггг уг уг аанбмбнттвф.

2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 17|