Многу куси раскази

/, Литература, Блесок бр. 17/Многу куси раскази

Многу куси раскази

Погрешен чекор
Несмасни забави
Чудовишта во визбата
Внатрешна бездна
Судбоносна грешка
Последици на невнимание
Безизлезна положба
Катастрофа
Телеграма

Во своите соништа тој имаше извонредни преживелици: тоа беа луди авантури, прекрасни доживувања, исклучителни ситуации. Во нив тој секоја ноќ упаѓаше во најнеочекувани настани, најневеројатни љубови, најсмели пресврти на судбината.
Еден ден, на патување, тој случајно купи една книга од писател што му беше непознат. И, уште на почетокот, на првите страници, беше счудоневиден: во неа беа опишани сите негови соништа, сиот тој негов втор живот, во најситни детали.
Не се осмелуваше никому да рече ни збор за тоа, сметајќи дека нема да му се верува, но продолжи да ги купува книгите на тој писател. Во нив тој и понатаму ги наоѓаше своите соништа, сите оние свои ноќни авантури низ кои минуваше од ноќ во ноќ.
Сите пречки на кои наидуваше во сонот беа лесно решливи: сонот му ја подаруваше моќта да ги решава без голема мака. И затоа отпрво не се исплаши кога така, сонувајќи, една ноќ се најде во длабока зандана, меѓу бетонски ѕидови и челични решетки. Беше сигурен дека пресвртот ќе дојде сам од себе, одеднаш и без објаснување. Тој очекуваше да се случи пресвртот, очекуваше, и се уште очекува.
Бидејќи никогаш немаше можност да дознае дека таа ноќ, во еден друг град, писателот кој истовремено ги пишуваше неговите соништа умре оставајќи го својот последен расказ незавршен.

2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 17|