Многу куси раскази

/, Литература, Блесок бр. 17/Многу куси раскази

Многу куси раскази

Погрешен чекор
Несмасни забави
Чудовишта во визбата
Внатрешна бездна
Судбоносна грешка
Последици на невнимание
Безизлезна положба
Катастрофа
Телеграма

По долги сонувања за тоа, вие одеднаш откривате дека знаете да летате. И тоа е сега сигурно и непобитно.
Прво ја испробувате таа своја дарба во собата: плафонот, лустерот, горните рафтови од библиотеката — сè ви е на дофат од раката.
Потоа рано наутро, кога нема многу луѓе, полетувате од својот прозорец. Кружите над бездната па улицата, ги испитувате одблиску покривите, ги допирате попат телевизиските антени.
Со денови потоа ги откривате гледниците што се подаваат од височините. Над планините, над шумите, над морето — насекаде пукнуваат пред вашите очи бескрајните перспективи полни со извонредната, неискажлива слобода на длабоките пространства.

Но потоа, откако навечер уморен ќе се вратите во својата соба, почнува кошмарот: од ноќ во ноќ сонувате како чекорите по земјата, а тоа е неподносливо тегобно и ужасно.

2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 17|