Мали раскази

Мали раскази

Во градината
Сетило за мирис
Смртоносна математика
Глас
Што сега?
Доцнење
Газда во куќата

Возот кој требаше да стигне во седум часот навечер стигна дури два часа подоцна, што го натера Мирко да помине два часа во кафеаната на станицата, од која излезе толку пијан што Славица, неговата сестра, речиси хистерична поради продолженото патување, одби да седне во неговиот автомобил, на тој начин доведувајќи ја неговата жена Вида до плач, бидејќи веќе повеќе од три часа жонглираше со садовите на шпоретот во обид да им понуди топла вечера, а погледот на нејзините солзи придонесе и нивната помлада ќерка Јулија да почне да липа, по што им се придружи и постарата ќерка, Маја, така што на некој начин, рече судијата, воопшто не го чуди тоа што, опкружен со таков хорски плач, Мирко отишол по пиштолот и малку подоцна, кога Славица стигнала пешки од станицата, испукал три куршума во неа: два во главата, еден во срцето.

2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 91|