Мали раскази

Мали раскази

Во градината
Сетило за мирис
Смртоносна математика
Глас
Што сега?
Доцнење
Газда во куќата

Стојте, вели Ненад и ја принесува раката до увото, нешто се слуша. Застануваме, престануваме да разговараме, никој не се смее, никој не кашла, никој не дише. Тогаш Зоран вели: Јас ништо не слушам. Пст, го замолчува Ненад, сега убаво се слуша, слушај! И навистина, од мракот до нас допира глас, болен глас, глас на некој што е изложен на страшни маки, или, соочен со некаков ужас, се обидува да повика помош. Сега веќе јасно се разбираат зборовите: Мајко моја, о мајко моја, мајчичке, каде си? Ненад се врти накај нас и прашува: Што ќе правиме сега? Никој не одговара. Само Невена ја вовлекува дланката во блузата и си ја брише потта меѓу дојките. Се посрав од страв, вели таа.

2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 91|