ПРВО СЕЌАВАЊЕ
Многу одамна, ме ранија. Живеев
за да му се одмаздам
на татко ми, не
за она што тој беше —
туку за она што бев јас: од почетокот на времето,
во детството, мислев
оти болката значеше
дека не ме љубат.
Болката значеше дека љубев.
Препев од англиски: Никола Маџиров