Поезија – Луиз Глик

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Луиз Глик

Поезија – Луиз Глик

(песни од збирката „Арарат“, издание „Артконект“, 2022, Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020)

ИСПОВЕД
ПРЕСЕДАН
ЗАГУБЕНА ЉУБОВ
ПЛАНИНАТА АРАРАТ
РАЈ
ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛО
ПРВО СЕЌАВАЊЕ


ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛО

Вечерва се видов себеси во темниот прозорец како
одраз од татко ми чиј живот
тој го потроши токму така,
мислејќи на смртта, исклучувајќи
ги останатите сетилни нешта,
па на крајот беше лесно
да се откаже од овој живот, зашто тој веќе
не содржеше ништо: дури
ниту гласот на мајка ми не можеше да го натера
да се промени или да се врати назад
зашто тој веруваше
дека еднаш штом не ќе можеш да засакаш друго човечко битие
за тебе нема место во овој свет.

АвторЛуис Глук
2023-01-06T09:58:58+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|