Поезија – Луиз Глик

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Луиз Глик

Поезија – Луиз Глик

(песни од збирката „Арарат“, издание „Артконект“, 2022, Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020)

ИСПОВЕД
ПРЕСЕДАН
ЗАГУБЕНА ЉУБОВ
ПЛАНИНАТА АРАРАТ
РАЈ
ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛО
ПРВО СЕЌАВАЊЕ


РАЈ

Израснав на село: сега
тоа е речиси град.
Луѓето доаѓаа од градот, сакајќи
нешто едноставно, нешто
подобро за своите деца.
Чист воздух; во близина на
мала коњушница.
Сите улици
именувани според љубените или според женските деца.

Нашата куќа беше сива, од оној вид
што го купуваш за да создадеш семејство.
Мојата мајка е сè уште таму, сама.
Кога е осамена гледа телевизија.

Куќите се зближуваат,
старите дрвја умираат или се исечени.

На некој начин, и татко ни е
блиску; именувавме
една карпа според него.
Сега, над неговата глава, трепери тревата,
напролет, кога снегот ќе се стопи.
Тогаш цути јоргованот, тежок како гроздови на винова лоза.

Секогаш ми зборуваа
дека сум како татко ми, според тоа како тој
ги презираше чувствата.
Тие се оние чувствителните,
сестра ми и мајка ми.

Сè почесто и почесто
сестра ми доаѓа од градот,
го плеви троскотот, ја средува градината. Мајка ми
нејзе ѝго има тоа препуштено: таа е онаа
што се грижи, што се труди.
Нејзе ова ѝ личи на село —
искосени тревници, леи со шарено цвеќе.
Таа не знае како тоа некогаш изгледало.

Но јас знам. Како Адам
сум првородена.
Верувај ми, никогаш од тоа не можеш да се излечиш,
никогаш нема да ја заборавиш болката во половината,
местото од кај што нешто ти е одземено
за од тоа да се направи друга личност.

АвторЛуис Глук
2023-01-06T09:58:58+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|