Поезија – Луиз Глик

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Луиз Глик

Поезија – Луиз Глик

(песни од збирката „Арарат“, издание „Артконект“, 2022, Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020)

ИСПОВЕД
ПРЕСЕДАН
ЗАГУБЕНА ЉУБОВ
ПЛАНИНАТА АРАРАТ
РАЈ
ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛО
ПРВО СЕЌАВАЊЕ


ПЛАНИНАТА АРАРАТ

Нема ништо потажно од гробот на сестра ми,
освен гробот на мојата роднина, веднаш до нејзиниот.
До ден-денес не можам да се убедам во очи да ги гледам
тетка ми и мајка ми,
иако колку што повеќе се обидувам да избегнам
да го посведочам нивното страдање, тоа толку повеќе се чини
како судбина на нашето семејство:
секоја гранка од семејното стебло ѝподарува на земјата по едно женско дете.

Во мојата генерација го одложувавме бракот, го одложувавме раѓањето деца.
А и кога ќе се одлучевме, имавме по едно:
главно синови, не ќерки.

Никогаш не зборуваме за ова.
Но, секогаш ослободување е да се закопа возрасен,
некој оддалечен, како мојот татко.
Тоа е знак дека долгот можеби конечно е отплатен.

Всушност, никој не верува во ова.
Како и самата земја, секој камен овде
е посветен на еврејскиот бог
кој не се колеба да го одземе
синот од мајката.

АвторЛуис Глук
2023-01-06T09:58:58+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|