Поезија – Луиз Глик

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Луиз Глик

Поезија – Луиз Глик

(песни од збирката „Арарат“, издание „Артконект“, 2022, Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020)

ИСПОВЕД
ПРЕСЕДАН
ЗАГУБЕНА ЉУБОВ
ПЛАНИНАТА АРАРАТ
РАЈ
ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛО
ПРВО СЕЌАВАЊЕ


ПРЕСЕДАН

На ист начин како што правеше подготовки за другите деца,
мајка ми така планираше и за детето што ѝ умре.

Плакари со меки алишта.
Палтенца уредно здиплени.
Секое речиси го собира в дланка.

На ист начин, се прашуваше
кој ден ќе биде неговиот роденден.
И како што минуваа дните, таа знаеше дека еден вообичаен ден
ќе стане симбол на радоста.

Затоа што смртта го немаше допрено животот на мајка ми,
таа размислуваше за нешто друго,
сонуваше онака како што тоа се прави кога доаѓа дете.

АвторЛуис Глук
2023-01-06T09:58:58+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|