„Цена на живеењето“, Арундати Рој

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/„Цена на живеењето“, Арундати Рој

„Цена на живеењето“, Арундати Рој

Славата е чудно нешто. Покрај моето семејство, пријателите и, секако, неколкумина стари непријатели (каков би бил животот без непријатели), повеќето луѓе кои сега ме познаваат ме знаат како авторка на успешната книга Богот на малите нешта.

Славата е чудно нешто. Покрај моето семејство, пријателите и, секако, неколкумина стари непријатели (каков би бил животот без непријатели), повеќето луѓе кои сега ме познаваат ме знаат како авторка на успешната книга Богот на малите нешта.

Многумина се во тек на она што го следеше објавувањето на мојот роман Богот на малите нешта. Како што обично бидува, дојде до еден вид заситеност. За тоа придонесе и написот во весникот Ридерс дајџест – како една непозната писателка минала повеќе години во тајност пишувајќи го својот прв роман кој потоа бил објавен на четириесет јазици, продаден во неколку милиони примероци и ја освоил престижната Букерова награда.

Меѓутоа, приватната приказна не е толку успешна. Кога романот Богот на малите нешта за прв пат беше објавен јас навистина уживав во неговиот продор во светот. Минав една цела година патувајќи во места за кои не бев ни сонувала дека ќе ги посетам. Бев возбудена од сознанието дека приказната што ја имаше напишано непозната личност си го проби патот до различни култури, јазици, континенти, допре до толку многу души и срца кои ја чекаа појавата на една таква книга. Честопати на средбите на кои зборував за книгата ме прашуваа како се чувствувам како жена-писателка која е објавувана и читана на толку многу различни јазици. Одговарав: „Наспроти чувството за значењето на нуклеарната бомба, книжевноста има моќ да го прегрне светот, а умее и тоа да го возврати“. После една година мината во патување посакав да му се вратам на мојот стар начин на живот, оној кој сега го нарекуваат Нуклеарна Индија. Но, тоа беше невозможно. Додека јас патував, мојот стар начин на живот си ги спакувал торбите и некаде исчезнал. Индиската влада не губела време да потроши милиони на нуклеарно вооружување, земјата чезнееше за спас. Реките умираа, шумите исчезнуваа, а воздухот беше загаден. Њу Делхи, градот во кој живеам, пред моите очи се менуваше. Сјајни автомобили, високи порти, старите туберкулозни чувари ги беа отстапиле местата на млади вооружени момци. А во оние зафрлени улички и сокаци, покрај канализација и пруга, на празни паркинзи, на влажни и темни места, сиромаштијата се беше згнела како вошки. Здивени и беспризорни деца талкаа по улици. Оние, привилегираните, носеа темни очила за сонце и пловеа некаде во далечината. На нивните привилегирани деца не им беа потребни темни очила. Тие научија да престанат да гледаат.

Проклетство на писателот е што тој, или таа, не можат да останат рамнодушни кога го гледаат сето тоа. Ако си писател, твоите очи мора да бидат широко отворени до болка. Секој ден удираш со глава во ѕид. Секој ден си сведок на безобѕирност. Секој ден те потсетуваат дека не постои невиност. И секој ден мораш да бараш нов начин како да зборуваш за стари и познати работи: за љубов и за алчност, за политиката и за владата, за моќните и за беспомошните, за војна и за мир, за смрт и за убавина. За нешта за кои треба постојано да се зборува

Додека гледам преку прозорецот, сеќавањата на годините што ги минав пишувајќи го Богот на малите нешта полека бледнеат. Комерцијалниот профит добиен од продажбата на книгата се врти во круг. Мојата сметка во банката расте. Случајно, и јас влегов во таа трговска нишка во светот се пробив во огромниот нафтовод кој го движи светското наследство, меѓу оние кои се богати, а тој ист нафтовод блуе пари кон мене, ме удира со сета своја сила и брзина. Почнувам да чувствувам небаре секој збор од Богот на малите нешта се продал за една паричка и, еден ден, ако не бидам доволно внимателна, може да се случи да се престорам во мала сребрена фигуричка со светлечко сребрено срце. Искршените парченца околу мене само ќе го засилат тој сјај. За тоа размислував кога во февруари 1999-та во весниците почна да се говори дека Врховниот суд на Индија го укинал четиригодишното одложување за изградба на контроверзната, полузавршена брана Сардар Саровар, на реката Норманда, во Централна Индија. Одлуката на судот дојде како удар на најспектакуларното ненасилно движење на отпорот, кое само како такво се памети по борбата за слобода. Нам, кои само од страна го набљудувавме тоа движење, ни се чинеше дека целта е постигната. Меѓународната јавност беше насочена кон проектот. Светската банка беше принудена да се повлече од тој проект. Се чинеше дека Владата нема да успее финансиски да го докрајчи проектот. Со укинување на забраната одненадеж сценариото се промени. Додека сонцето заоѓаше над долината Нармада, на улиците на Гуџарат се танцуваше.

Бев љубопитна да знам што се случува во долината Нармада, зашто сите со кои зборував беа одушевени, а мене ми се чинеше дека информациите за тоа не беа потполни. Како што растеа страстите, а информациите недоволни, мојот интерес за браната се зголемуваше. Прозата што имав намера да ја читам следните месеци ја заменив со читање списанија, книги и гледање документарни филмови за брани, за причините зошто се градат, за нивната улога и за што служат. Открив необичен, неприроден интерес за дренажа и иригација. Запознав некои активисти кои со години работеа во долината Нармада за НБА (Нармада Бачао-Андолан).

Бев љубопитна да знам што се случува во долината Нармада, зашто сите со кои зборував беа одушевени, а мене ми се чинеше дека информациите за тоа не беа потполни. Како што растеа страстите, а информациите недоволни, мојот интерес за браната се зголемуваше. Прозата што имав намера да ја читам следните месеци ја заменив со читање списанија, книги и гледање документарни филмови за брани, за причините зошто се градат, за нивната улога и за што служат. Открив необичен, неприроден интерес за дренажа и иригација. Запознав некои активисти кои со години работеа во долината Нармада за НБА (Нармада Бачао-Андолан).

Бев вчудовидена од она што го дознав. До детали открив како владата на подмолен начин го уништува народот под совршена маска на демократија. Кога се обидов да им го кажам тоа, луѓето страшно ми се налутија. Ми говореа дека Индија е рај во споредба со други земји во развој. Да, вистина, Индија не е Тибет, или Авганистан, или Индонезија. Вистина е дека индиската војска никогаш не би направила пуч. Но, и покрај тоа, она што се правеше во име на „националниот интерес“ беше монструозно.

Иако доста се пишуваше за Проектот за развиток на долината Нармада, повеќето написи беа наменети за читателската публика од ‘посебен интерес’. Владините документи се класификуваа како тајни. Експерти и советници ги користеа за сопствени цена различните аспекти од темата – раселување, рехабилитација, хидрологија, дренажа, простор за прифаќање на жителите, одушевување, политика – а сето тоа го чува во нивните дувла далеку од љубопитноста на оние кои беа наивни лаици за сето тоа.

Социјалните антрополози водеа жолчни дебати со економистите за тоа кој има легално право во сето тоа, а кој не. Инженерите кога ги презентираа своите предлози одбиваа да дискутираат за политика. Политиката, економијата, емоциите, човечката трагедија не беа поврзувани, кругот беше прекинат. Ниту музичарите поединечно не свират сите исто. Присутна е вревата, но се слуша музика.

ПреводКатица Гароска Ацевска
2021-04-03T19:12:15+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 133 - 135|