Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

/, Литература, Блесок бр. 122/Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Вовед
Декамуфлирање на симптомите
Науката и паралените унивезуми
Создавање на паралелни универзуми во американското општество
Колку и да се само запознаваме, сè уште сме самозапознаени во истиот универзум
Мелани Клајн
Џојс Бајерс = Мелани Клајн
Заклучок
Референци


Колку и да се само запознаваме, сè уште сме самозапознаени во истиот универзум.

Во последно време се појавуваат мислители кои се обидуваат да најдат решение за проблемот со поделеноста на општеството, но сепак решение сè уште нема. Канадскиот професор по психологија Џордан Питерсон во своите говори и предавања говори за тоа дека во длабочините на нашата психа живее нешто темно и опасно.

Слично како и Питерсон, јапонскиот писател Харуки Мураками во книгата „Подземје“ (Underground – The Tokyo Gas Attack and the Japanese Psyche) (Murakami, 2001, pp. 224 – 226.) се користи со примерот на окултната секта Аум, која во 1995 година извршува терористички акт со испуштање на токсичен гас Сарин во токиското метро. Имено, во раните денови на постоењето на оваа секта, планот им бил да се кандидираат за разните политички позиции, но кампањата ја воделе на многу бизарен начин, маскирајќи се со маски на слонови и слично. Јапонците не само што ги игнорирале, туку и имале чуство на срам. Мураками преку интервјуирање на поранешни членови на сектата доаѓа до заклучок дека обичните Јапонци ги игнорирале и се срамеле не од кловновскиот настап на сектата, туку од чуството дека во секој од нив длабоко лежи истата потреба од апсурдно и кловновско однесување, потреба предизвикана од тешкиот и брз живот на обичниот salary man.

Питерсон и Мураками се користат со јунговата изрека – „Сенката е морален проблем кој ја става на предизвик его-персоната, бидејќи е потребен напор за да станеме свесни за сенката. За да станеме свесни за постоењето на сенката, потребно е да ги препознаеме темните аспекти на сопствената личност како вистински и присутни.“.(Jung, 1952, p. 8.) Питерсон и Мураками се обидуваат да ја насочат јавноста/читателот кон шансата дека во секој од нас постои нешто темно и опасно, она што најверојатно го мразиме кај другите.

Постојат голем број дела и филмски сценарија каде борбата со злото во себе како во романот на Роберт Луис Стивенсон – „Чудниот случај на доктор Џекил и господинот Хајд” (Strange Case of Dr Jekyll and Hyde) или пак каде злото претставува сила во другите како во филмската трилогија на Џорџ Лукас – „Војна на ѕвездите” (Star Wars), всушност ја отсликуваат јунговата порака за постоење на сенка во секого од нас, сенка со која сме „органски” поврзани и можеме да ја победиме ако ја воочиме нејзината моќ и способност за уништување. Но, сепак таа борба се одвива во еден ист универзум.

Еден од највоочливите примери може да се најде во серијата „Sвездени патеки – следната генерација” (Star Trek – the Next Generation) и вонземната раса Ференгијци (Ferengi) на кои им се дадени најлошите карактерни особини што еден човек може да ги има. Ференгијците лажат, коваат завери, предизвикуваат конфликти, покажуваат огромна среброљубивост и се обидуваат да присвојат што повеќе материјално богатство на подмолен начин. Ликовите од серијата се приморани на соработка и соживот, па така гледачот добива лекција за тоа како да се сфатат „оние другите” кои ги имаат карактеристиките од кои ние би се срамеле. Но, како и во претходните примери, сето ова се одвива во ист универзум.

Питерсон и Мураками даваат корисен совет, но во Америка работите можеби се отидени предалеку. Колку и да се обидуваат да ја сфатат и реализираат својата сенка, колку и да се обидуваат да одат длабоко, сепак е тоа само во истиот свој универзум. Но, на тој начин се игнорира разликата на Симболичното ниво помеѓу двете димензии при што се прави сериозен превид на тоа дека од моментот кога доаѓа до преоѓање од еден во друг универзум, субјектот го губи „името на таткото“, преоѓа во психотична структура и доаѓа до појава на психотични симптоми.

АвторБорис Тасков
2018-11-30T13:18:05+00:00 ноември 2nd, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 122|