Посветеност на патот

/, Литература, Блесок бр. 74/Посветеност на патот

Посветеност на патот

ач на универзитетот во Прешов, за развојните патчиња и за поважните претставници на повоената поезија во Словачка, ја дополнивме со неколку текстови, рецензии, како и со една одломка од научна монографија, кои се занимаваат со творештвото односно со животните и книжевните судбини на авторите од нашиот избор. Во тој домен, на пример, одломката од монографијата на Звонко Танески посветена на творештвото на Јан Ондруш врши и функција на до-објаснување на неговата поетика: самиот автор во текот на подоцнежната творечка фаза „преработи“ некои свои постари песни, така што една иста песна, во суштина, има неколку верзии. Тоа ќе можат да го забележат и читателите на Блесок: македонскиот превод ги предава верзиите посебно и комплетно, додека англискиот превод на неколкуте песни од Ј. Ондруш претставува „нивна мешавина / поврзаност“ во една целина. Останатите две рецензии му го приближуваат на македонскиот читател творештвото на двајца современи словачки автори, чии дела излегоа неодамна во превод на српски и на словенечки јазик. Треба уште да се спомене и тоа дека, најпосле, сите автори во нашиот избор биле или сè уште се автори на списанието Ромбоид; соработувале со него или објавувале таму во тек на неколку години – делови од својата творечка самореализација, односно – објавуваат сè до денес.
Ревијата Влна, која излегува четири пати годишно, ни помогна не само со есеите за интересните уметнички активности од нашето минато и сегашност, туку и со богатиот фото-документациски материјал и со три музички снимки; нивните автори и интерпретатори ги претставуваме со посебни кратки профили. Овде нудиме исто така и неколку интернет-линкови, каде што можат да се најдат и повеќе информации за протагонистите од Влна-, а сетне, можат и да се откријат и да се слушнат и други нумери од нивната музичка продукција.
Благодарност за оваа несекојдневна можност за претставување заслужува целата „екипа“ околу Блесок, пред сè нашиот пријател и партнер (единствен со долги коси!) Игор Исаковски, но лично и поетот и научник Звонко Танески, чиј ексклузивен интерес за словачката книжевна сцена почнува да ги дава своите – и преведувачки – плодови.
Двете публикации (онаа објавена во Словачка, и оваа електронската во Македонија), кои во својава кратка „посветеност на патот“ ги споменувам, настанаа во рамките на меѓународниот проект Списание во списание, координиран од словенечката Љубљана, кој денес соединува шеснаесет списанија од тринаесет земји, во прв ред од средна и од југоисточна Европа, но и од Австрија, Италија, Литванија и Велика Британија. Освен домашните редакции, впрочем, двата избора ги поддржа International Visegrad Fund во рамките на проектот „Review within Review project in the focus of Visegrad +“ (RwR in V +).
И за крај… би сакала овој наш заеднички чекор да има повеќе од симболична или еднократна намена и да дозволи на меѓународната сцена постепено да проникне она најдоброто и најживотворното од обете наши (а, исто така и од другите) партнерски литератури и култури. Ваквите средби претставуваат секогаш придонес, а во време на глобалните економски стратегии и неолиберални политики е и противтежа на варварството на новото време.
Така што: книжевноста и културата како непосакуван „троскот“ во градините на одгледуваната, дури и на охрабруваната бездуховност, на лошо сокриваната униженост на задоволните потрошувачки и потрошувачи…! Како допир под земјата, во „коренчињата на невидливоста“ или како пробив во животноста.
Или: „поврзан“ културен underground таму, каде што над површината победува сè поискубаното златно теле.

18 мај 2010

Превод од словачки: Звонко Танески

2018-08-21T17:21:01+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 74|