Поезија и култура

/, Литература, Блесок бр. 56/Поезија и култура

Поезија и култура

Лесно е да се делат обвинувања за парохијализам и да се дава реакција како што ја прикажав ретроактивно. Но, ако уметниците тврдат дека прават нешто важно и вредно за нашето време, од суштинска важност е да останаме вредни на наследството на слобода и демократија кое ни ја даде опцијата да пишуваме, компонираме или да сликаме – да дигитализираме, да симнуваме од Интернет или да деконструираме – како сакаме. Естетската слобода никогаш не значеше анархија; индивидуалноста во уметноста не значеше дека може да се ужива во својата сензибилност, бидејќи уметничките кули од слонова коска кои следуваат сигурно ќе згаснеа во оган. За среќа, тоа би се случило без насилство (иако можеби не „насилството одвнатре кое нè штити од насилството однадвор“ – Стивенс). И покрај еден век на деспотизам од различни фракции во поетскиот свет, од кој човек може да помисли дека луѓето научиле некои принципи на демократизација, и ставање на сиот тој стилски фолдер на HTML од една страна, само повторно ги играме старите сталинистички игри на моќта. Ништо вистински не се смени во главите на тие луѓе; тие имаа намера да ги повторат своите естетски агенди од една нота. Затоа, кога дојде време да се антологизира, она што вообичаено го добивавме беше серија на фетишизирани песни наменети да се потцрта субјективната естетика на уредникот – скоро никогаш не ги добивавме најдобрите песни од најдобрите поети. А овие луѓе не можеа да им одолеат на средствата за производство. Можете да направите споредба меѓу грозните колективни фарми во врвот на комунистичкиот период во Русија и многу поетски енклави. Како што колективната фарма пропадна и милиони гладуваа, така и самозатворениот поетски колектив ги избрка сите непријатни интелектуални или поетски вознемирувачки елементи. Прочистувачкиот оган на екскомуникацијата пламтеше во позадина. Крајниот резултат секогаш е ист – смрт на системот и гаснење на неговите надежи. Само земјата за садење на куќата на сите нации може да даде почва од која може да излезе цивилизиран сензибилитет. Чудно, но руските поети беа оние кои успеаја да одат подалеку од вообичаената политика. Каков список на таленти и индивидуалност успеаја да дадат во сета таа турбуленција.
Кога се разгледува историјата на поезијата во текот на дваесеттиот век, изгледа сè појасно дека поетите кои значеа нешто за да станат дел од културата која ќе трае беа оние инстинктивни поети кои пишуваа бидејќи мораат, а не истураа стихови кога на повидок беше некој грант. Такви беа космополитската безгрижност на Оден, темните пасторали на Фрост, мермерната естетска големина на Стивенс. Варовнички карпи, треперливи брези, прекрасни гребени на Ки Вест: естетиката беше лична, политичка. Таа никогаш не ја направи грешката да се романтизира преку усвојување на теорија или преку користење на јазикот како игра, бидејќи ваквите поети знаеја дека уметноста е пресериозна за да не го сфаќа јазикот сериозно. Иако групи на теорија се собраа околу нивната поезија, тие нема таква потреба. Ако беше само интересно да се слушне некој тинејџер како зборува за генијот на некоја најнова поп ѕвезда, беше вистиснки страшно да се чита како германскиот композитор Стокхаусен зборува за настаните од 11 септември како за grosseste Kunstwerk. Овде естетската реакција станува сосема искривена. Векот на естетизирање и иронизирање на искуството отиде понатаму од заштитното поле на здравиот разум.

Поезијата и ограничувањата на иронијата во новиот милениум, втор дел

Композиторот подоцна објасни дека го видел делото на Луцифер во живо во Њујорк, суштество без љубов, како негативната сила во борбата да се создаде уметничко дело – но целата тенденција да се естетизира искуството, а потоа да се теоретизира тоа искуство, покажува дека очекуваната револуција е мртвородена. Со тврдења дека јазикот е ослободен од старото татковско, сексистичко минато, уште еден режим се подготвува за долга борба и ја наметнува својата перверзна идеолошка коректност. Беше јасно дека има неповрзаност меѓу она што теоретичарите на јазикот кажуваа дека може да се стори и она што реално се постигнуваше. Наместо да се витка вратот на реториката, која модернистите премногу ја цитираа како побожно комсумирање, тие измислија своја византиска реторика, со свој мистичен, недопирлив поетски говор кој едноставно ги збунуваше оние кои не паѓаа на неговите надрилекарства и безгрижна рамнодушност кон самиот чин на комуникација. Пропуштајќи го вистинскиот револуционерен жар, soixante-huit и сето тоа, се чинеше дека тие мислат оти уметничката промена може да дојде преку замена на барикадите со печатници, и со метафорично викање од дигиталните покриви. Така, се покажа нивната наивна носталгија за тогите на марксизмот на левиот брег или рутината на Гринич Вилиџ, додека се замислуваа дека ја следат традицијата на Бакунин, Тел Кел, ситуационистите, или кој и да е.
Она што во Европа се разви на почетокот на векот како сомнеж за чувство, без оглед на антитетските примери блиски до Тенисон и Китс, се иронизираше до непрепознавање во САД каде експерименталното стана задолжителен процес, а не стаус кво, институционализирано од академиците и списанијата. Се разбира, имаше исклучоци – Крејн, Форст. Филозофијата даде соодветен извор за оние кои се грижеа за своите емоции. Која Витгенштајн рече дека на зборовите не треба да им се верува како на агенти на вистината, а поетите треба да се бунат со секоја клетка на своето петско битие, бидејќи така поетите ја наоѓаат својата вистина, таква каква што е. Опустувачите на поезијата читаа како да се каутеризирани. Понудите на изгорените стихови беа неми сведоци на поделената личност која по секоја цена сакаа да ја прикажат како Модерна, додека на бреговите на публикациите одекнуваше пената на нивната непријатна бела врева.
11 септември беше знак како ниеден друг. И претходно нè менуваа крвавите мориња на Виетнам, Руанда, Камбоџа, Источен Тимор, Балканот, палестинската борна, светот без крај. Но, уништувањето на најголемиот симбол на западниот капитализам сосема го разбуди Западот. Дали нашата цивилизација вреди да се бориме за неа? Се разбира дека вреди, но некои не можеа да го видат писмото на западниот ѕид. Земјата на слободните граѓани и домот на храбрите почиваше во секој кој ја цени парламентарната демократија. Демократијата ни ја остави во наследство доблеста на граѓанството, граѓанството што не ни даде само права, туку и обрвски. Какви треба да бидат тие обврски за уметникот, за поетот, е тешко размислување со кое не се заморија оние кои ги поминуваа своите петнаесет минути во слава на моронскиот пекол (фраза на Белоу). Звукот и бесот можеа да бидат неважна избледена церемонија. Долгиот пат во еден живот на креативна работа мора да се базира на вистинитоста, убавината и верноста на музата, без оглед на ничевскиот презир, ако треба да напредува откако еднаш се исклучила железната пофалба. Времето има посебен начин на испраќање во темнина на острите зборувачи кои веќе избледуваат во несигурност.

АвторПитер Николсон
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 56|