Мигрирање на уметноста во други простори

/, Литература, Блесок бр. 114-115/Мигрирање на уметноста во други простори

Мигрирање на уметноста во други простори

Мигрирање на уметноста во други простори


Во соработка со економските експерти Лучо Уртубиа (Lucio Urtubia), Енрик Дуран (Enric Duran) и Кјумунти (Qmunty), Гуеал издава прирачник во кој има објаснето повеќе стратегии преку кои може да се избегнат некои давачки кон банките или како да се земат пари од нив. Преку овој прирачник таа се обидува да ги едуцира граѓаните за тоа врз кои принципи работи банката, ги анализира банкарските системи и нуди алтернативи и опции за тоа како тие истите можат да бидат ставени во корист на другата страна. Покрај другото, го има развиено и концептот Изместено легално/морална апликација за да ја дефинира методологијата која ја структуира нејзината работа. Таа ги анализира легалните и морални принципи и ги аплицира на спротивната страна, преместувајќи ги релациите на моќта, и на тој начин, поставувајќи прашања и повикувајќи на дискусија за етаблираниот систем.
Дуото Жак Сервин (Jacques Servin) и Игор Вамос (Igor Vamos) под името „Јес Мен“ (The Yes Men) се исто така радикално и особено креативни во борбата со корпорациите и капиталистичките центри на моќ. Користејќи ги симболите и производите на капитализмот, појавувајќи се во бројни медиуми, на телевизија или хакирајќи ги корпорациските сајтови, тие се пример за тоа како може да се манифестира отпор преку манипулација со истата медиумска сфера која капиталистичките центри на моќ ја користат.

Еден особено важен проект кој доаѓа од заедница на непривилигарни и маргинализирани групи е оној на афро-американскиот уметник Рик Лоу (Rick Lowe), Project Row Houses (1990), во Хјустон, Тескас, кој што ги надминува границите на јавен уметнички проект и преоѓа и во комјунити сервис, образовен, ревитализирачки проект во кој уметници, активисти и администратори обновуваат дваесет и две куќи. Целта на уметникот во овој проект е „користење на уметноста како мотор за збогатување на животот на луѓето надвор од естаблишментот на моќта.“ (Finkelpearl, 2000, стр. 237) Во овие куќи се вселуваат сиромашни семејства, а првенствено самохрани мајки кои во овој проект наоѓаат начин да излезат од финансиската криза но и каде што можат да стекнат знаења и вештини кои подоцна можат да им бидат од корист. Покрај просториите за домување и едукативни центри, неколкуте куќи се престорени во галерии за современа уметност каде редовно се прават изложби и се потегнуваат прашања кои се релевантни за заедницата и контекстот.

АвторКристина Божурска
2018-12-13T11:10:24+00:00 август 10th, 2017|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 114-115|