Др. Фалус како фигура на знаењето

/, Литература, Блесок бр. 13/Др. Фалус како фигура на знаењето

Др. Фалус како фигура на знаењето

Секако, да. Се крие – хомотопија: симболичен простор, за создавање и конструирање на идентитети (А. Ќосев). Тој симболички простор оперира со секогаш-веќе присутни, длабоко дејствувачки, неизбежни културни предрасуди.
А такви хомотопии, во оваа драма, се токму Балканот, од едната, и – Европа, од другата страна. Тие го произведуваат фундаменталниот струкурален расцеп помеѓу Нас (Западно-европјаните, домаќините, либералните, компетентните) и Нив (Југоисточно-европјаните, дојденците, нелибералните, неупатените). Не само во оваа драма, денес нè убедуваат, дека: овој интеркултурен јаз не само што може, туку, и не треба воопшто да биде премостен.
Затоа што, самото опстојување на овој јаз, на Западно-европските големи маестра им го овозможува и чува ексклузивното право да го прогласуваат, потврдуваат, чуваат, припишуваат – не само знаењето по себе, туку и моќта (манипулирањето, репресијата, влијанието, владееењето со другите), односно, определената политика на знаењето. Тоа, пак, од друга страна, значи дека тие се привилегирани, соодветно на своите сопствени и егоистични интереси – да ги раководат, насочуваат или уредуваат идните развојни процеси во тн. Второстепени, второкласни балкански земји.
Но, да се вратиме назад, кон еротските можности на Др. Фалус. Неговиот, според мене, највпечатлив исказ гласи:„Јас го сакам, сето она што го знам“.
Секако е необичен учител, оној, кој првенствено ја игра улогата на заводник. А, уште една од важните особини на заведувањето, според Жан Бодријар е, субверзијата на моќта и авторитетот на системите. Дали, ако воведеме поинаков вид знаење (поттикнувајќи ја неговата еротска суштина), можеме да ја избегнеме големата злоупотреба на знаењето? Или, барем, да се обидеме да ги надминеме неговите очиледни лимити?
Можеби, треба да се свртиме кон поинаков вид знаење, не само кон постојното анамнестичко, репродуктивно – туку и кон екстатичното, креативно само-спознавање? Можеби, наместо за знаење, попрво треба да говориме за алтернативата на лична мудрост? Или, следејќи го Шопенхауер, во знаењето попрво би требало да гледаме медиум на самооткривањето и лична сотериологија? Можеби, треба во поголема мера да ги почитуваме предностите на „егзистенцијалното тетовирање“, за кое се застапува Петер Слотердајк?
Некои од актуелните мислители веќе се свртени кон вредностите својствени на тн. телесно сознавање, кое е легитимен, полноправен сегмент и дури гарант на смислата и оправданоста на знаењето.
Така, и др.Фалус се потсмева со традиционалниот поим и слика на знаењето – тој автоиронично се декларира како комплексна курва. Својата наука, ја именува како „куромантија“. Така и традиционалниот тип на знаење е кумулативен, консументски, квантитативно насочен – најчесто немоќен да постигне задоволителен учинок врз субјектот. Затоа, др. Фалус секогаш испаѓа незадоволен, разочаран, празен…
Додека, Младиот секогаш бидува уловен, заробен, неуспешен, (ментално) силуван, жигосан (да се потсетиме, дека идентификацијата значи некој да се поистовети, со и преку другите– како Друг).
А, неговото величество, знаењето, постојано недостасува … и не завршува…
Додека, нашата длабока предодреденост е да копнееме по знаењето… како фатална стратегија, како заканувачка сила и искуство…
Никогаш дефинитивно (да) не сме научени!
Што нè враќа кон Лакановата формула за фрустрираното писмо, писмото (во нашиот случај – знаењето), што е осудено да не ја достигне својата вистинска цел, да биде и остане пловечко, флуидно, номадско.
Како што, впрочем, порачува и Цветан Тодоров, во својата определба за дијалошката критика: „Повеќе сакам да трагам по вистината, отколку да ја имам на свое располагање“. Таа критика, имено, разговара со текстовите, и не му се обраќа само на разумот, туку и на имагинацијата. Дијалошкиот принцип, втемелен во делото на Бахтин, и заснован врз искуствената подлога на хуманистиката, врз тн. животна „архитектура“ на аналитичарот -ја одбива пред сè сопствената реификација.
Затоа, доколку го прифатиме дијалошкиот пристап како предизвик, и ние, овде, на Летната школа, би можеле малку и самите себеси да се анализираме. Можеби, и ваквите летни школи се дел од тн. „други (исклучени) простори“, за кои говори М. Фуко. Така, самото постоење на вакви места, докажува, дека општеството е во ситуација да го исклучи, локализира, ограничи – своето внатрешно друго (самокритичното знаење).
Способно да ја извршува својата хетеротопична функција, знаењето е во состојба да се деконструира дури и самото себеси, и токму тоа е, можеби, една од причините на неговата примамливост… Така и предавањето (подучувањето) не е само трансфер (пренос) и превод (адаптација), туку и трансгресија (прескок отаде) знаењето.
А во тоа можеме да се увериме, гледајќи ја бизарната фотографија на техно-дизајнираниот Жан Бодријар, снимен во казиното во Лас Вегас, покрај една „зајчица,“ за време на своето многу посетено предавање …

Белешки
1. Biti, Vladimir (1997): Teorija i postkolonijalno znanje, in: Republika, Zagreb, br. 5-6.
2. Delez, Gatari & Gatari, Feliks (1990): Anti-Edip, Sremski Karlovci
3. Derrida, Jacques (1979): Living On. Borderline, in: Deconstruction and Deconstruction, ed. Harold Bloom et alii, New York
4. Dubost, Jacques (1998): Libertinage and rationality, in: Yale French Studies, n. 94
5. Киоссев, Александар (1995): Хомотопија и хетеротопија, ин: Литературен вестник, Софија, 19 декември
6. Kos, Janko (1995): Na poti v postmoderno, Ljubljana

2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 13|