Божица на подивените мачки

/, Блесок бр. 63/Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Пластичен обид за самоубиство
Опсесија прва
Мрак
Совозач
Стратегии
Art
Таа ноќ (Според Ивица Антески)
Полноќни работи
Јас ти и земјата

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека го планирам совршеното самоубиство
додека театарски го поставувам мизансценот на мојот иден погреб
само за да ги замислам хипер-реално лицата на сите кои ме оплакуваат
на сите кои констатираат колку генијална поетеса сум била
а всушност плачат над сопствениот кукавичлак
да испијат шишенце розови таблетки

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека го одлагам за уште една ноќ моето совршено самоубиство
додека театрално ја замислувам мојата постхумна слава
само за да го видам случајно мојот омилен пациент
кој во следните дваесетичетири часа ќе сфати колку реално ме сакал
и никогаш повеќе нема да се обиде да задоволи друга жена

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека се маскирам со професионалност на make up стилист
додека вешто ги сокривам несовршеностите на ова мое сегашно тело
само за да се изнапијам вотка за последен пат со некој случаен пациент
кој утре ќе прочита колку генијална поетеса сум била
а потоа реално ќе размислува за пропуштената можност
да ми биде последен

АвторАлександра Димитрова
2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|