Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

/, Звук, Блесок бр. 106/Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Црната коса на љубовта
Марија Магдалена
Задоволштина
Темно како најдлабокото море

Првата група во која свиреше Поли Џин се викаше Automatic Dlamini. Им се придружи во 1988 година, со неполни дваесет години. Automatic Dlamini го основа Џон Париш пет години порано, и додека низ бендот поминаа многу сјајни музичари, интересно е дека во него имаше и двајца луѓе со кои по авантурата со Automatic Dlamini го основа триото PJ Harvey.
Роб Елис (Rob Ellis) и Јан Оливер (Ian Oliver) се тапанарот и басистот со кои ги сними албумите Dry и Rid of Me. Со Елис и Џон Париш (John Parish) работи и создава и ден денеска. На нејзината сцена чест гостин е и еден од најбитните badseeds-и, Мик Харви (Mick Harvey).
Амбициите знаат да го засенат она важното, и колку што сме постари, не станува поедноставно. Тука се и алчноста и зависта и гадостите кои следат; ќе нѐ опкружат и нема да стигнеме да разбереме што се случило и каде исчезнале сите тие некогаш прекрасни луѓе, без кои нашите денови се незамисливи.
Кога покрај себе ги имаш оние на кои можеш да сметаш, помрачените денови не можат да ти нанесат потрајна штета. Да се започне својот рокенрол пат во бендот на Џон Периш, да се свири саксофон, гитара и да се пее ни нивните први албуми, и триесетина годин подоцна и понатаму да се создава со тие исти луѓе, тоа е она што е важно. Да не завршиме запрашани кога тоа сме се збогувале со сопствените верзии кои имале свој така јасно зацртан ритам. Но и блуз.
Dark Days (live)

2018-08-21T17:20:38+00:00 март 30th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 106|