Радост! Ослободува

/, Звук, Блесок бр. 60/Радост! Ослободува

Радост! Ослободува

Урош Миловановиќ
Владимир Хорват

Илегалните слаткари ја претставуваат легалната Радост!
Радост! Ослободува
(Kornet Recordings)

#1 Хрватскиот состав Радост! со ова издание и официјално станува дел од мултимедијалната, креативна, уметничка група Илегални слаткари (Ilegalni poslastičari), додека Корнет рекордингс со изданијата продолжува да го провоцира домашното поп милје. Она кое Радост! го има, никој на екс-ЈУ просторите не собра сила или храброст да го направи, уште од првите изданија на групата Јарболи.
Меѓутоа, за разлика од споменатиот белградски состав, на групата Радост!, покрај живиот хумор, најмногу и недостасува фокус. Често се разводнети во склопувањето на римите, кои губат на силина наспроти виртуозните поп-рок мелодии. Така, повеќето од песните остануваат недоречени или, подобро кажано, неускладени. Но, и покрај тоа Радост! (како таква) во поширока смисла успешно го проширува low-fi пристапот кон домашната музика и нејзиното наследство од бившите југословенски простори. Солиден наследник на екстремната поп компилација Што им треба на малите деца.
Продолжението следува.

Препорака:
GJVN, Svi su mrtvi, Mikroskop, Metamatematika.
Flashback:
Sve ono što znam o sebi.

Превод: И. И.

Радост! На Last.FM

2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 60|