Приказна

Приказна

#1 Почетоци. Мајка ми пееше и свиреше на пијано, често свиревме во дует, потоа го слушнав Мед Лакс Луис на радио и почнав да свирам „буги вуги“ на возраст од пет години. Првиот бенд „Дени Ли Енд Ремблерс“се случи во гимназија. Мајк Блумфилд имаше свој бенд, претставуваше конкуренција за нас и ние често се натпреварувавме. Тогаш за првпат се запознавме. Врз нас најповеќе имаа влијание Мед Лакс Луис, Литл Ричард, Џери Ли Луис, Фетс Домино. Секој временски период имаше свои незаборавни мигови, но раниот блуз, како и рокенролот во период од 1958 до 1964 беше најзабавно време за мене. Тоа сè уште не беше професија! Замена за Отис Спен во бендот на Мади Вотерс, јас и Мајк на западната страна на Чикаго и свирење со Хаулин Волф. Настап на албумот „Тргни се“ на Чарли Маселвајт заедно со Харви Мендел и повторно собирање на минатогодишниот блуз фестивал во Чикаго со Сем Леј, Ник Гравенајтис, Харви Мендел, Чарли Маселвајт и Корки Зигел. Исто така, фестивал во Сан Франсиско со Стив Милер и Џејмс Котон. Или времето поминато со големи уметници и нивното влијание врз мене. Постои ниво на големина, тие те воздигнуваат, музички и духовно. Тоа денес ми недоставува, особено кога Мајкл веќе го нема.
Всушност, кога имав пет години и почнав да навлегувам во тајните на пијаното, тетка ми ми купи комплет тапани, така што почнав и со тапаните што ми даде големо чувство за „тајминг“ и ритам. Слушајќи радио во Чикаго и сите големи блуз радио емисии. Исто така и нашиот домар кој ме упати во госпел музиката. Големите имиња на клавијатури: Отис Спен, Џони Џонсон, Џери Ли Луис, Мед Лакс Луис, Литл Ричард, Хјуи Пијано Смит, Фетс Домино и Ники Хопкинс.
#2 Мади Вотерс беше магичен, Џејмс Котон навистина можеше да свири, никој не можеше да ги тегне жиците како Мајк Блумфилд или Отис Раш. Чарли Маселвајт и Харви Мендел се инспиративни, ми се допаѓа вокалот на Ник Гравенајтис, како и на Трејси Нелсон и Марси Леви, интензитетот на Мајк Блумфилд беше неверојатен. Тексашкиот „шафл“ на Стив Милер, начинот на свирење на Бади Мајлс на тапани, слајд гитарата на Мик Тејлор или фанки ритам гитарата на Боб Дилан, слајдот на Дуејн Олмен, Џими Хендрикс со своите неверојатни рифови. Свирење „Еј Џо“ со него! Отсекогаш сум посакувал да свирам со Елмор Џејмс!
Топ пет албуми: „Најголемите успеси на Фил Спектор“, „Сино врз сино“, тука е задолжително Литл Ричард, Чикаго блуз антологиите на „Чес“, „Најдоброто на Мади Вотерс“ или најголемите успеси на Џери Ли Луис на „Сан“.
Група со која настапувам на фестивалите: Харви Мендел и Зак Вагнер на гитари, Дон Хефингтон и Сем Леј на тапани, Марси Леви, Ник Гравенајтис и Трејси Нелсон на вокали, Корки Зигел и понекогаш Чарли Маселвајт на усна хармоника, како и Рик Рид на бас.
Старата блуз сцена речиси исчезна. Повеќето големи мајстори се во блуз рајот, но сè уште не постои ништо што може да се спореди со силата на свирење блуз и тие што останаа треба да го сочуваат за идните генерации. Тој претставува синоним, како и самиот живот.
Луѓето во Европа секогаш имале повеќе респект кон американскиот џез и блуз од Американците и по традиција ја подржувале таа музика и музичарите. Тоа на некој начин е и жално за нив бидејќи таа музика е токму во нивниот двор.
Денес сакам да ги слушам Харви Мендел, Чарли Маселвајт, „Вајт Страјпс“, Соледад, Џими Смит, Џони Џонсон.
Посакувам луѓето во Македонија да го прегрнат блузот, бидејќи е вистински, искрен и слободен! Тој ви помага кога ви треба. Кога се чувствувате добро или лошо, блузот секогаш ќе ви помогне да опстоите! Можете да се чувствувате убаво со блузот, тој може да ви биде пријател кога не ви оди добро. Секогаш можете да сметате на него! Ние би сакале да дојдеме како „Чикаго Блуз Ријунион“ во Европа и Македонија. Можеби ќе се изнајде начин да дојдеме.
Васја, секогаш е убаво кога знаеш дека луѓето ја ценат твојата работа. Благодарам за твојот интерес и љубовта кон блузот, блузот засекогаш.

звучен запис

2018-08-21T17:21:38+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 36|