По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

/, Звук, Блесок бр. 105/По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

ПЕСНИ ЗА ЕЛВИС
FOLK SINNER
ТИМ ГИБОНС, ВТОР ПАТ
BLUE MOON

Ако под закана на смрт морам да одговорам кој албум ми е најмил, многу е веројатно да одговорам Shylingo. И немаше многу да згрешам, оти, дури и кога сум најопуштен, тој е меѓу првите пет. А потоа, ќе преслушаш сѐ што работел Тим Гибонс пред и по тој албум, и никаде нема ни трага од она што толку силно ме врзало за Shylingo.

Испадна дека Shylingo е спој на моменти додека Гибонс се одвикнувал од алкохол, и целосно уништување, на чиј пат бил, па на продукциското влијание на Марк Хауард, кој тогаш, заедно со Дениел Ланоис, му дал духовно и физичко засолниште.

Тоа беше во Лос Анџелес, во 1996 година, кога тие двајцата снимаа соундтрак за филмот Sling Blade во своето студио Театро, сместено во рушевините на некогашното мексиканско порно кино. Децении порано, во 1982 година, Гибонс беше оној кој го запозна Ланоис со Хауард и кумуваше на нивната повеќедецениска соработка.

Упорно чекав нешто налик на албумот Shylingo пак да се случи, но наместо тоа наидував на тип кој се вика Тим Гибонс и упорно не го пушта бенџото од рака. И не оставив да ме убедат дека е истиот човек. А беше. Подоцна себеси се нарече Cootes Leland и таа фаза траеше еден албум, Trail Of Smoke, кој го објави дискографската куќа на Cowboy Junkies. Верзијата на песната Medicine Girl од албумот ја отпеа Ли Харви Осмонд.

Неговата најнова реинкарнација е бендот TG & Swampbusters, бенџото најпосле го закачи на ѕид, а в раце ја зеде електричната гитара. Враќање на корените, на рокенролот и на блузот и на свирките по попатните кафеани, скитникот и музичаот е пак во игра.

https://youtu.be/kfWQDKSFljo

2018-08-21T17:20:39+00:00 јануари 17th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 105|