По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

/, Звук, Блесок бр. 105/По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

ПЕСНИ ЗА ЕЛВИС
FOLK SINNER
ТИМ ГИБОНС, ВТОР ПАТ
BLUE MOON

Превод од босански: Елизабета Баковска

Кај мене некако сѐ тргнува со Елвис. Како дамнешна и бледа симпатија, ама и љубов, во смисла на тоа дека преку неа сум го открил тоа чувство. Така е и со музиката и со Елвис. Благодарејќи му нему, дојдов до нешта кои и ден денеска ми се активни под кожата, подеднакво ефективни како и на самиот почеток.

Како што растев, така ги ширев и своите апетити кон музиката, попатно откривајќи го сето она што не можеше да го собере во рамките на музиката на педесеттите. Но сепак, Елвис беше тивкиот патоказ и преку него го наоѓав деталите кои ме наведуваа да пробам нови нешта. Така и Страмеровиот бенд The 101 ги засакав првенствено заради преработката на песната на Елвис Heartbreak Hotel. Dire Straits беа само име на екраните на МТВ сѐ до моментот кога во поминување слушав дека го повикуваат Елвис.

Нештата се редеа и годините минуваа, така стигна и Ник Кејв, со кого од почеток не се согласував. Тој, имено, тврдеше дека Елвис најмногу дал и дека бил најдобар на крајот на својата кариера и живот, во седумдесеттите, дрогиран под шарените светла на Лас Вегас. Требаше да минат години и години за да сфатам што зборува. И дека сето тоа што го зборувал апсолутно има смисла.

А потоа ги открив Cowboy Junkies и нивната песна за Елвис.

https://youtu.be/Ob_9Pqyej10

2018-08-21T17:20:39+00:00 јануари 17th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 105|