Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

/, Звук, Блесок бр. 101-102/Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Лек за сѐ
Две жици од сонот
На друга страна
Она што не го гледаме

Пред вратата на куќата во која живеам веќе предолго висат амајлии кои ги направи ќерка ми. Веќе не се плашам од гонење во соништата. Ветрот ги нишка тие чувари на соништата и се провлекува низ мрежите на прозорците. Во градината пред куќата има палми, а под палмите грмушки алое вера. Ништо од ова можеби не значи ништо, ама ме смирува во времињата кога го нема дождот кој се чека.
Од другата страна, во друго време, во некоја Европа пред крајот на минатиот век, Марк Сендмен ја освојуваше Европа, препознаен како водач на нешто што ги обединува Гинсберг, Ферлингети и Кероак. Звукот кој го создаваше Морфин на многумина им стануваше уште поголема фасцинација откако ќе ги видеа во живо. Сендмен пред тоа го одработи својот дел од животот на пат, од Аљаска каде што професионално се занимаваше со риболов, преку Средна и Јужна Америка, животот со тамошните печурки и марихуана, изгуби двајца браќа во меѓувреме и стигна да го избодат со нож додека возел такси…
Па сепак успеа да остане мистериозен човек на сопствената приватност кого амбицијата го присили да стане глас на сосема поинаков звук. На она што истовремено доаѓа од иднината, ама и од минатото, како ритмот на лутањето на истрошените чевли на Кероак во дваесет и седмиот век.
Туку, кажи ми, знаеш ли како се повикува дожд? Колку трпение треба да се дочека облак без повикување? Повикувањето на дождот во сезоната на дождови е посебен ритуал. Тотемите и амајлиите тука воглавно не помагаат. Да се остават одредени соништа зад себе исто така не помага. Болката е неподнослива додека не помине. Зборовите помагаат. И соништата, ако не се претворат во кошмари.

Kerouac:

2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 101-102|