Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

/, Звук, Блесок бр. 101-102/Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Лек за сѐ
Две жици од сонот
На друга страна
Она што не го гледаме

Превод од босански: Елизабета Баковска

Еднаш ми рече дека личам на дожд. Во мислите ми дошета Марк Сендмен со својата бас гитара и нејзините две жици. Понекогаш две жици се сѐ што ни треба. Сендмен, како и јас, поминал извесно време во Средна Америка, а потоа се спуштил во Јужна. Мојата Јужна Америка ќе почека уште некое време. Можеби во Средна стигнав предоцна за да го продолжам патувањето.
Летото и правот, во некоја друга приказна, би биле добитна комбинација. Музиката во нас живее натопена со сеќавањата кои одамна ги оставивме зад себе. Таа не сака да има никаква врска со оставањата. Морфеј ноќва не е на моја страна. Но Морфин е.
Ја пресоблеков третата маица. Не помина ни саат време. Манагва, во која живеам моментално, воглавно е таква. Летото никогаш не престанува, а влагата во воздухот им овозможува на рибите да влегуваат низ прозорец. Испукале кората на дрвјата и земјата, и сѐ се престорува во прав.

Saddest Song:

2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 101-102|