Мануел „Гуахиро“ Мирабал

/, Звук, Блесок бр. 37/Мануел „Гуахиро“ Мирабал

Мануел „Гуахиро“ Мирабал

#1

Гуахиро е еден од најкарактеристичните трубачи кои Куба ги имала. Тој го поседува најдоброто што секој уметник може да го има – свој јазик. Кога ќе го слушнете како свири, без сомнение, знаете дека е тој“.
Деметрио Муњис

Како важен дел од Buena Vista Social Club серијалот изданија и турнеи уште од самиот нивен почеток, трубачот Мануел „Гуахиро“ Мирабал доаѓа со свој албум првенец. Тука Гуахиро одава почит кон духот на легендарниот гигант на кубанската музика, Арсенио Родригес. Сите нумери на ова издание беа напишани од или се поврзани со Арсенио. Тука музиката е изведена од внимателно одбрана екипа кои Арсенио ги предводел во своите бендови во 40-те и 50-те.
Веќе преку 50 години Гуахиро е клучна фигура на кубанската музичка сцена и тој има настапувано со речиси сите кубански ѕвезди. За време на сега легендарните сесии за World Circuit во Хавана во 1996, Гуахиро учествува на сите 3 изданија: Afro – Cuban All Stars “A Toda Cuba Le Gusta”, “Buena Vista Social Club” и “Introducing Rubén González”. Трубата завзема посебно место во рамките на кубанската музика и Гуахиро е архетипски експонент што несомнено го прави логичен избор за трубач на сите 3 изданија. Феноменот кој ги следеше овие изданија предизвика голем интерес за музичарите како што е Гуахиро, за кого сега има поголема побарувачка од кога и да е.
Не е случајност што поради неговата клучна улога во сегашната заинтересираност за музиката која доаѓа од Куба, Гуахиро се одлучи своето прво соло издание да го создаде во чест на Арсенио Родригес.
Со прекарот “El Cieglo Maravillos” (Црното Чудо), Арсенио е револуционерна фигура која целосно го трансформира звукот и дефиницијата за кубанската музика. Како експерт во ритмовите кои доаѓаат од Конго, тој ги изнел африканските влијанија на површината, со што го трансформирал традиционалното секстето со додавање на конга и две дополнителни труби со цел да добие поголема моќ и простор, а воедно и поставувајќи го својот синкопатиран стил на трес (адаптирана гитара) наспроти перкусиите и тоа со голем ефект. Неговиот иновативен пристап на пијаното почна со тогаш младиот Рубен Гонсалес, кој учествувал на првите снимки кои Арсенио ги направил во 1943 и со годините уште повеќе го продлабочил со Лили Мартинес. Кога Арсенио се преселил во Њујорк во 1950 год., трубачот Феликс Чапотин ја превзел улогата на лидер на бендот; Чапотин, заедно со Алфредо “Чоколате” Арметерос изведувале инструментални нумери каде преовладувале трубите. Гуахиро е наследник на таа традиција. Музиката на Арсенио е измамувачки едноставна, но е неверојатно тешка за изведба со таква сигурност која Гуахиро и неговиот бенд се обидуваат да ја доловат на ова издание.
Овој албум беше снимен во познатите Егрем студија во Хавана, додека ансамблот кој настапува се состои од најдобрите кубански музичари, кои беа повеќе од расположени да учествуваат во снимањето на овој албум поради големата почит кон Гуахиро. Ритам секцијата ја сочинуваат Мигуел “Anga” Диас, Амадито Валдес и Карлос Гонсалес заедно со контрабасистот Орландо „Качаито“ Лопес и гитаристот Мануел Габлан. Исто така, како солисти учествуваат и Папи Овиедо на трес и Роберт Фонеска на пиано. Како вокалисти се јавуваат Калунга, ѕвезда во подем на тимба сцената на Куба и Ибрахим Ферер кој исто така гостува на нумерата “Deuda”. Сите трубачки секции се отсвирени од Гуахиро, неговиот долгогодишен партнер од Tropicana со кого настапува скоро 30 години, Луис Алемањи, и починатиот Алехандро Пичардо Перес, кому овој албум и е посветен. Албумот го отвора нумерата “El Rincon Caliente” која припаѓа на сон монтуно традицијата а која е заштитен знак за Арсенио. Пред снимањето на овој албум, вокалистот Калунга воопшто не бил запознаен со музиката на Арсенио, но неговиот глас е совршен за оваа нумера. “Para bailar el montuno” е трибјут на трес стилот на Арсенио од страна на Папи Овиедо. На завршната нумера “Dombe Dombe” учествува и оригиналниот пијанист на Арсенио, големиот Рубен Гонзалес кој изведува нумера која тој посебно бараше да биде вклучена на овој албум.
Ова издание беше скоро во целост снимено во живо во студиото, со минимални надоснимувања со што се добива спонтано чувство што на музичарите им дава простор да покажат што знаат. Во музиката на Арсенио има многу емоции и хумор што во секој случај се присутни и на ова издание. За продуцентот Ник Голд ова издание беше навистина посебно. И за Гуахиро ова е навистина голем настан: да може на 71-годишна возраст да го објави своето прво соло издание. Како што и самиот кажува „Со време сè си доаѓа на свое место“.

2018-08-21T17:21:37+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 37|