Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

/, Звук, Блесок бр. 117/Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

Слободата на испразнетото шише
Со овој лифт заминува само едно
Прошетка низ облакодерите и палмите
Есента на трубата


„…Имав величествени визии, ама никогаш не успеав да ги спојам со стварноста. Сè истрошив. Сè исчезна. Дон Ален ќе биде моот книжевен извршител…“

Палмите се високи и пријателски настроени. Сонцето е силно, ама не заканувачко. Зградите се на моја страна. Не се патокази како што очекував, ама овозможуваат заштита од пладневната жештина.

Колтрејн ја имаа таа моќ да ти ја издигне душата над телото додека телото не остане како смрзнато во мигот, па сепак ни на секунда препуштено на здодевноста на нешто. Свештениците слично ќе речат и за религиите кои ги пропагираат. Срцето на вудуто и јас живееме на истиот остров. Колтрејн нема да допушти од мене да направат кукла. Сонцето е посилно отколку што мислев.

Сè помалку ги разбирам мисливе што вријат, но сè поблизу сум до поезијата, Се оддалечивме во последно време. Не сум ѝ миленик како некогаш. Заборавив да принесам жртва. Ја занемарив скромноста на правилното дишење.

Алберт Саијо умре во Ватикан пред да ме прати на пат, Џон Колтрејн, саксофоностот, кога не беше на сцена, кога беше обичен тенор човек, успеа да остане скромен и пристоен. Мојата поезија поради тоа го обожува.

ПреводЕлизабета Баковска
2018-10-30T10:39:03+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 117|