Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

/, Звук, Блесок бр. 117/Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

Колтрејн и Велч: ПРОШЕТКАТА НА ЖИВОТОТ И МРАЧНАТА ДУПКА НА ЛИФТОТ

Слободата на испразнетото шише
Со овој лифт заминува само едно
Прошетка низ облакодерите и палмите
Есента на трубата


„Никогаш ништо не успеав да остварам како што треба, а сега ги издавам и своите пријатели. Ништо од тоа не направив – никогаш не ни можев…“

Зградата во која живеам моментално ги допира облаците. Погледот го одзема здивот. Понекогаш стојам на балконот со саати и само чекам да се врати. Морето одзема сè што ќе изнесам на балкон. Морето знае како се прави тоа. Ќе ти го земе погледот и ќе ти го запре здивот, без да размисли за последиците.

Животот на островот би можел да биде волшебен. Ме одбра токму оној кој нуди карипски тајни, Живеам на остров кој ја измислил магијата и нејзините кукли. Таму, на другата страна е колевката на увезувањето на душата со телото. Често снемува струја, но брзо ја враќаат. Лифтот е побрз од тоа. Никогаш порано не сум се спуштал со оваа брзина.

Во лифтот секогаш чека Џон Колтрејн. Неуморно повторува дека работата со Монк му била слободен пад низ мрачната дупка на лифтот. Наученото напамет го повторувам со него. Си играме со ритмот и со акцентите и со интонациите. Телониус понекогаш ни се придружува, и ако проговори, тогаш солира за срцето кое го оставил на никарагванската тераса. Брзината на лифтот ретко дозволува да заглавам во дупката повеќе од неколку мрачни минути.

ПреводЕлизабета Баковска
2018-10-30T10:39:03+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 117|