ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

/, Звук, Блесок бр. 117/ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ


Може ли музиката, рокенролот, конечно убавината… да го менува светот? Да отвора, иницира некои естетски, духовни промисли, човечки прашања, та дури и реални општествени дилеми за времето во кое битисаме?
ТРАЈКОСКИ: Не може. Ова е моја внатрешна борба која се рефлектира и надвор од мене. Она што можам да го променам е моето однесување и моето внатрешно битие. Тоа е единствената промена што може да ја направи уметноста. Секој со своето. Не со туѓото.

Што се однесува до моите идни планови на тн. рокенрол сцена ќе ги оставам на стихијата која возможно би ја направила инерцијата на новиот албум. Не мислам да направам ништо изрежирано, немам планови, а зошто и би ги имал ако го имам Бога со себе?!

Од блага временска дистанца, како Горан Трајкоски го виде концертот во кино „Фросина“, во МКЦ-Скопје, одржан во средината на декември минатата година? Колку овој педантно и грижливо подготвуван настап е одраз на своевидна потрага во себе? Потреба да се фрли силен зрак светлина на минато, цврсто да се загризе реалноста, и конечно да се исцртаат контурите на идната творечка траекторија на движење.
ТРАЈКОСКИ: Настапот во кино „Фросина“ во МКЦ беше прво промотивно претставување на мојата музика од новиот албум пред публика во живо. Тоа ми беше првото што го имав на ум додека го подготвував истиот. Албумот содржи 9 нумери и една скриена песна. Сакав да ги претставам непосредно од мала дистанца пред аудиториумот, а притоа исполнувајќи го непишаниот ценс од 90 минути музика сакав настапот да го подвлечам со мојата библиографија од претходните музички трудови што ги работев во ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА, МИЗАР и АНАСТАСИЈА. Мојот минат труд не мора императивно да значи и патека на движење во иднината, но секако ќе придонесе за идентификација на она што го носам како нов музички материјал.

И по едно ваква експлозивна пројава во јавноста, кои се твоите идни потези? Ќе ѝ се вратиш на осамата во која ќе креираш музика за театар? Или можеби сега претпочиташ да јаваш на таа сирова емоција, на енергичните рифови… на звуците и поетиките по кои те познаваме од времето на ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА, МИЗАР… Во перспектива ќе биде ли и твојата театарска музика условена од таквите сознанија?

ТРАЈКОСКИ: Мојата театарска музика ќе биде условена од темите кои ќе ги обработуваме како театарски тим: пред сè со Пројковски и останатите соработници. А што се однесува до моите идни планови на тн. рокенрол сцена ќе ги оставам на стихијата која возможно би ја направила инерцијата на новиот албум. Не мислам да направам ништо изрежирано, немам планови, а зошто и би ги имал ако го имам Бога со себе?!

ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:16:39+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 117|