ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

/, Звук, Блесок бр. 117/ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ


Ова е моја внатрешна борба која се рефлектира и надвор од мене. Она што можам да го променам е моето однесување и моето внатрешно битие. Тоа е единствената промена што може да ја направи уметноста. Секој со своето. Не со туѓото.

А кога станува збор за поетиката, за твојата творечка промисла, може ли притоа да се говори и за потреба од еден и не само уметнички, туку и општествено-политички ангажман?
ТРАЈКОСКИ: Такви потези правев и со претходните проекти , на пример со „Циркус Еуропија“ или во албумот на МИЗАР – „Кобна убавина“ и во ред други наврати со театарска музика и во театарски претстави. Не би можел да го наречам општествен ангажман бидејќи немам никакви претензии, ниту намери, општествено да учествувам во некаков си вид општествена или, ако сакате, политичка организација и дејствување. Тоа е една моја лична и субјективна слика. Еден мој внатрешен проблесок и крик внатрешен кон нештата што се случуваат околу мене. Кои ги тангираат и ги дразнат луѓето што се околу мене, вклучувајќи ме и мене самиот. И со тоа сакав да бидам искрен, да го кажам она што ме преокупираше во изминатиов период.

Да бидеш политичен, доволно силен и твоите зборови да имаат влијание на некого или…
ТРАЈКОСКИ: Политичен во смисла на тоа дека имам став, а не дека сакам да бидам присутен на некаква си политичка сцена. Имањето став не значи претензија, туку дека ја согледувам реалноста и ги чувствувам работите. Имам сопствено мислење, а не сум дел од некоја толпа којашто други ја манипулираат.

Насловната страна на обвивката на „Тешкиот глас на новите химни“ на виделина го донесува „крвавото македонско сонце“ во кое шестмина си зариваат секој секому нож во грбот. Автор на дизајнот на изданието е Тодор Ѓорески, но приказната слегува до твојата соработка со неговиот татко Владо Ѓорески – Рафик.
ТРАЈКОСКИ: Како симбол, апликацијата првпат е употребена во 2005 година во театарската претстава „Смртта на Дантон“, која ја работевме со режисерот Дејан Пројковски во Народниот театар во Струмица, а каде сценограф и дизајнер беше Владо Ѓорески – Рафик. Тодор е синот на Владо и всушност, Тодор е голем почитувач на моето творештво и едноставно сакав токму тој да ја добие честа да го направи дизајнот за албумот. Оттаму е сосема разбирливо што тој посегна по симболот што го направил татко му за претставата „Смртта на Дантон“, бидејќи и за мене овој симбол ја претставува вистинската душевна и духовна состојба на нашиот човек – секој секому му забива нож во грбот. Тоа е вистинското македонско сонце, кое за жал, е многу иронично и цинично, но е реално. Затоа го зедов тој симбол за отслик на музиката забележана на „Тешкиот глас на новите химни“.

ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:16:39+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 117|