Диксифрог рекордс

/, Звук, Блесок бр. 22/Диксифрог рекордс

Диксифрог рекордс


Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)
Лери Мекреј – Блузот е мој бизнис (ДФЦД 8522)
Папа Чаби – Ја претставува њујоршката блуз сцена – повторно (ДФЦД 8523)
Мејсон Кејси – Душа на огин (ДФЦД 8521)
Бил Пери – Запали го тоа (ДФЦД 8519)
Тино Гонзалес – Модерен скитник (ДФЦД 8515)

#5 Време е љубителите на блузот во светот (тие што уште не го знаат) да го запознат: Американски музичар со латино-американски корени, Тино Гонзалес е име кое бара ваше внимание! Неговиот најнов диск на „Диксифрог Рекордс“ е полн со одлични композиции, извонредна гитара и со емоции набиен вокал. Наслов на неговиот последен проект најдобро ги карактеризира неговите музички идеи, имено, Гонзалес е страствен набљудувач на светот околу себе, човек кој своите визии прекрасно ги преточува во музиката. Овој диск, снимен во Германија, е последица на неговите согледувања и размислувања за европската историја (Играјќи со ангелите, Блуз за Марија), содржи и лични посвети на саксофонистот Гровер Вошингтон, на нашата планета (Ми тиера, со карактеристичен Сантана звук!) и кон своите блуз корени (Роден под лош знак). Со одличен придружен состав и извонредна дувачка секција, Тино Гонзалес се надмина себеси! Материјал кој не смее да се пропушти и тоа важи за секого!

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 22|