Диксифрог рекордс

/, Звук, Блесок бр. 22/Диксифрог рекордс

Диксифрог рекордс


Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)
Лери Мекреј – Блузот е мој бизнис (ДФЦД 8522)
Папа Чаби – Ја претставува њујоршката блуз сцена – повторно (ДФЦД 8523)
Мејсон Кејси – Душа на огин (ДФЦД 8521)
Бил Пери – Запали го тоа (ДФЦД 8519)
Тино Гонзалес – Модерен скитник (ДФЦД 8515)

#6 „Блузот е во добри раце. Томи има глас, звук и вистински намери да допре до срцето на секого“. Ова за Томи Кастро го кажа Карлос Сантана, а он секако може да знае кој е добар, нели? „Крив за љубов“ е, според мене, досега најдобар албум на Кастро кој би требало одлично да помине кај љубителите на блузот. Тој претставува извонреден микс на различни стилови како ритам и блузот, потоа фанки „свомп“ рокот, Мемфис соулот, потсетувајќи на моменти на госпел соулот на Ал Грин,
сепак со беспрекорно чувство на блузот во секоја нота на гитарата на Томи Кастро и неговиот вокал. Она што е особено важно за овој диск е и фактот што на него за последен пат е забележан гласот на легендарниот Џон Ли Хукер пред неговата смрт на 21 јуни, 2001. Обавезно слушање!

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 22|