ВО СЕНКАТА НА ШАПКАТА НА ШОДАН

/, Звук, Блесок бр. 119/ВО СЕНКАТА НА ШАПКАТА НА ШОДАН

ВО СЕНКАТА НА ШАПКАТА НА ШОДАН

Надолу по улицата со црвен ветер
Здружени самотии
Дует од соништата
Додека има музика…


Додека има музика…

Со чекањето пропаѓаат опциите, а шанси има сѐ помалку. И што си постар, новите шанси сѐ потешко го забележуваш. Се прешалтав на другиот албум и останав на него. Always Say Goodbye стана албум на моите потраги. Добро би било сега Шодан да е овде, да не мораше да се врати во Холандија заради својата акција. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе новата трага, но сигурен сум дека неговиот поглед на нештата и тоа како би ме ослободил од некои дилеми. Ми останува шапката да ја наместам уште еднаш.

„Клавишитес е попостојани и од самиот живот, ти го враќаат она што го вложуваш во нив, никогаш помалку. Во четириесеттите Бад Пауел имаше гориво во крвта и сѐ пламтеше; Телониус Монк свири чудесно и прекрасно оти се чувствува чудесно и прекрасно. Клавирот беше првата сигурна и искрена работа во мојот живот, можев да му пријдам како сакам и да доживеам неуспех или да бидам добар. Без заобиколувања и молскавично.“

Што се однесува до Монк, во право си Хејс, старо момче. Нека ти е лесна дроги-џезерската земја. Тешко дека ќе најдеме попрекрасно и почудесно суштество од Телониус Монк. А ова нека ти биде и последната лекција за денеска; гледам некое движење таму кај влезот во паркот. Тоа е знакот што го чекав, акцијата почнува. Следниот потег е мој.

АвторМехмед Бегиќ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-20T12:40:46+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 119|