Vivez Sans Temps Mort

Vivez Sans Temps Mort

#4 „Нивната заедничка цел беше создавањето атмосфера (…) Стануваше збор, пред сè, за ефектот на неавтентичност, досада, немање интерес, стереотип. Настапите требаа да побудат кај гледачот впечаток на бесцелност, тривијалност, дилетантизам, неуспех, принудно да му отворат чувство на мачнина, разочарување и неисполнетост. Монотоното емитување на филмската стапица, неколкукратната проекција на конвенционалниот патопис или неколкуте случајно избрани инсерти од американскиот фабуларен филм ја создаваа кулисата, во која се претставуваше творештвото на групата. Нејзините членови ги предаваа своите книжевни настапи на необучен, малку разбирлив и погледнато од сите аспекти на рециталот – негирачки начин. Често се повикуваа исклучително на снимки, па нивната активност при претставувањето се ограничуваше на употребата на магнетофонот и на репродукциската техника. Двата методи се комбинираа, па така гледачот не знаеше дали слуша жива реч (на рецитаторот) или пак плејбек (рециталот беше однапред снимен и со шумни звуци – со кашлање и сл.)“ (Т. Штраус, Словачката варијанта на модерната, Братислава 1992, стр. 198).
#5 Во смисла на премините на светот на уметноста во оној на граѓанската резистенција заслужуваат внимание, пред сè, активностите на ПДИП и на Будај во контролирачкиот јавен простор на комунистичкиот град. Во таквите акции не се работеше само за гестови на провокација. Уметникот не обрнуваше внимание само на тоа како си го претставува општеството, туку и на структурата која тоа општество ја генерира. Тој го изложуваше гледачот кон активност во доменот на секојдневните нешта. На пример, кон лагата заснована врз полувистина што тоталитарното општество ја произведуваше на патолошки начин. Полувистината е перспективен владејачки инструмент, бидејќи нејзините последици можат да бидат подолгорочни отколку последиците во другите типови на brainwashing. Дезориентацијата може да ги држи граѓаните во пасивна состојба цели децении. Во времињата, кога патувањето претставуваше речиси привилегирачка активност, Будај и ПДИП изнесоа на експонирана бина во центарот на Братислава (при Трнавске мито) црвен транспарент со натпис „Авионскиот превоз е најевтин“ (јуни 1978). Притоа го употребија стандардниот јазик и аранжман во духот на тогашното време. Концептот на т. н. црна пропаганда беше за официјалните власти тешко дешифрирачки, не беше еднозначно дефиниран од гледна точка на спектаклот. На пораката никој отворено не реагираше ниту една недела по изложувањето. Од 16 до 18 јуни 1978 година, групата инсталираше, во центарот на Братислава, фотографски репродукции на предмети од градскиот арсенал на местата каде што првично се наоѓаа вистинските објекти. Така настанаа симулации на корпи за отпадоци, на калдрми и на огради со столбови. Тие беа отстранети за два дена. Луѓето издупчија отвори на фиктивните корпи за отпадоци и се обидуваа таму да ги фрлаат отпадоците. Во рамките на акцијата соработуваше, исто така, и ПДИП со актерите од експерименталниот театар Лавиринт, чија улога беше – како што пишува Будај во кореспонденцијата со Т. Штраус – „да се дуплира виденото – да се имитира одот, гестовите, мимиката на околните минувачи (…) Возачот на тролејбусот му ја отвори споредната врата на мимичарот, кој му соопшти дека носи тежок куфер. На прашањето (од паралелното интервју на случајните минувачи на магнетофон) дали ги сметаат ваквите акции за уметност, одговорите се разминуваа. На прашањето дали ги сметаат нив за противзаконски, запрашаните минувачи одговараа со одлучно – не. Без разлика на тоа, повеќето од нив не ја исклучуваа можноста дека актерите можат да завршат во затвор (…) Се чини дека во позитивниот прием не помогна маската на големата уметност (театарските шминки и сл.). Директната интервенција во животот би предизвикала веројатно поагресивна реакција (Т. Штраус, Исто, стр. 200).
#6 Идеологијата ја адаптираше естетиката во својата политика. Будај ја адаптираше политиката во естетиката на акционата уметност. Интервенциите наликуваа на експериментите reality-show во кои се преплетуваше реалноста со фикцијата. Неочекуваните ситуации настануваа од играта, која беше сфатена сериозно како реалниот живот. Концептот Недела на фиктивната култура (Братислава, 22 јануари – 3 февруари 1979 година) беше поставен врз комуникациските стратегии на пародирачката реклама што пропагираше непостоечки производ. ПДИП разви смислена кампања на „Entartete Kunst” на социјалистичката нормализација. Поклониците беа сместени во центарот на градот и пропагираа фиктивни настани: емитувањето на филмот на Ингмар Бергман – Болест со поднаслов Проблемот на хомосексуалноста во модерното општество; изложбите Салвадор Дали ин мемориам и Рене Магрит: Слика; театарската претстава Ежен Јонеско: Око; концертот Боб Дилан – АББА. Рекламните плакати го најавуваа времето и местото на настанот во една од официјалните државни институции. Плакатите беа отстранети во текот на наредните неколку дена. Во случајот со концертот дури и за време од 15 часа.
Според коментарите на Будај, бројот на учесници на овие акции бил неколку илјади – бројот на тие кои на конкретните места во определеното време физички присуствувале, како и на тие кои ги ширеле информациите понатаму. Како што се наведува во кореспонденцијата, „веста за секој од тие настани се рашири со брзина соодветна за нашата ситуација, некои договарања (дека тоа сепак ќе се случи, зошто било срушено тоа?…) се шират до денес. Учесниците во таквата невистинитост – вистински учествуваа во нешто. Вложија за тоа извесен труд – не при одењето во галерија, туку на друго место; беа вовлечени во реална ситуација, во извесен конфликт. Беа принудени да реагираат на таа ситуација, зборуваа за неа, ја промислуваа нејзината причина, од свој аспект ја толкуваа – тоа значи – изградуваа ставови, живееја со тоа барем за миг“ (Т. Штраус, Исто, стр. 202).
#7 Под наслов Недела на уличниот театар организираше театарот Лавиринт и ПДИП неколку ситуациски улични хепенинзи (Братислава, мај 1979). „Неколкумина актери заемно се преврзаа со бела хартија создавајќи среде живиот тек на улицата неподвижни, божемни гипсени статуи. Оддалеку лежеше на тревата човек со врзани раце и нозе. Другиот ден пак беше друг човек заврзан за металната решетка на една од зградите на раскрсницата меѓу улиците Седларска и Ленинградска (денешна Лауринска улица, заб. М.К) точно спроти Сојузот на словачките писатели“, си споменува Томаш Штраус (Т. Штраус, Исто, стр. 122-123). Според сведоштвата од тоа време, изведувачот на перформансот бил заврзан за Домот на политичкото воспитание, а акцијата била всушност гест на отпор на човекот кон сопствениот татко, кој престојувал во зградата отспротива.
#8 Друга конфронтациска ситуација настана, кога „во најфреквентните претпладневни часови исполегнаа млади момчиња и девојки во фармерки на целиот преоден простор меѓу Плоштадот 4-ти април (денешниот Главен плоштад, заб. М. К) и новата зграда за заседанија (Примацијален плоштад, заб. М. К). На минувачите по долгото неизвесно чекање и гледање не им преостануваше ништо друго освен да бараат друг премин или да се обидат да поминат со ризик дека ќе ги згазат легнатите луѓе на земјата. Кога станаа убедени дека не се работи за невладини алкохоличари кои одмораат по улиците, се трудеа да откријат дали станува збор за некаква аранжирана ситуација“.

АвторМира Кератова
2018-08-21T17:21:01+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 74|