Разговор со Петар Мазев 1989/90

/, Галерија, Блесок бр. 116/Разговор со Петар Мазев 1989/90

Разговор со Петар Мазев 1989/90

Разговор со Петар Мазев 1989/90


САД: Како гледате на уметноста воопшто во деценијата што заврши?
ПМ: Почнав помалку да го ценам југословенското сликарство, што го држевме долго време на пиедестал. Мојата генерација многу се потпираше врз него. Но во светот има дела од осумдесеттите што ме потресуваат. Неодамна видов во Осло една селекција на светската уметност што ги раздвижи сите мои сетила и чувства. Сè уште има дела што длабоко пробиваат во мене. И можам ли да заклучам, секогаш ќе ги има.
САД: Колку сте критични кон Вашето творештво?
ПМ: Во почетокот немав самодоверба, зошто талкав, се менував, се барав. По „белата фаза“, открив дека сум на пат да се најдам, но еве и денес се уште се барам. Немам посебна слика или период што мислам, дека целосно ја изразува мојата индивидуалност. Кога се разболев во 1989 година си реков: Па штотуку требаше да почнам да сликам. Од каде сега се појавува некој што сака да ми ја одземе енергијата? Зашто моето сликање е и физички напор. Неколку пати се препотувам во текот на творечкиот процес. И кога не сликам, а се приближувам кон платното, значи уште пред да почнам да сликам, јас се препотувам. Се надевам дека оваа монографска изложба во Музејот на современата уметност ќе ми отвори нови видици и насоки за сликање. Строг сум кон моите дела. Чекам да го насликам делото што наполно ќе ме задоволи

Разговорот е воден во 1989/90 година помеѓу Петар Мазев и Соња Абаџиева Димитрова

2018-09-20T12:29:33+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 116|