Радио Слободно Скопје

/, Галерија, Блесок бр. 106/Радио Слободно Скопје

Радио Слободно Скопје

Радио Слободно Скопје


Радио Слободно Скопје за прв пат се реализираше од 27 октомври до 1 ноември, 2015 година ( во соработка со Центарот за Современи уметности од Скопје и радио МОФ) и претставуваше 6 дневен арт радио проект ( стриминг- интернет радио пренесувано преку www.radiomof.mk), и кој во текот на своето времетраење емитуваше програма со различни содржини од областа на културата, уметноста, и прашања поврзани со цивилното општество од кои 20 часа продуцирани специјално за овој прект. Мобилната/ Монтажна галерија беше трансформирана во објект – радио приемник, а внатрешноста на галеријата адаптирана за да функционира како студио. Интервенцијата во форма на скулптурен објект (радио приемник) е воедно и личен одговор на скандалозниот мега проект Скопје 2014 кој промени голем број на препознатливи урбани точки во градот и се трудеше да избрише голем број на објекти и урбани предели од нашата колективна меморија.

Радио Слободно Скопје се разви како природен бунт поради сеопштата репресија на слободата на изразување на мислата во Македонија. Наша цел е да укажеме не само за тој сегмент на медиумските слободи во Македонија, туку и за се’ потесниот простор што културните содржини го имаат во електронските и пишаните медиуми кај нас. Она што е исто така важно во овој турбулентен период на политички и економски промени е повторно да се постават прашањата во врска со нашата заедничка иднина, солидарност и одговорност на секој поединец. Сепак, со цел да се движиме напред или направиме пресврт, од време на време нашиот поглед мора да биде усмерен во ретровизорот.

Досега сработеното покажа дека постои можност да се активира дел од интелектуалната и креативната јавност за активно да учествува во отварање на важни прашања во нашето општество и да биде дел од решенијата на проблемите.

Преку уметнички средства овој радио проект е усмерен кон сензибилизација и подигање на свесноста во општеството со наша заложба за демократизација на медиумскиот простор
Програмската содржина е поделена во неколку целини.

Фокусот на емисиите се теми од културата, уметноста и граѓанското општество.

Сатирични вести- Пара вести кои на уникатен начин ја отсликуваат македонската реалност, продукција на радио драми ,контактна емисија, Ало Уранија!, во која граѓаните имаат можност да пријават прекршување на човековите права и да се посоветуваат со Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Кој се плаши од волкот лош, емисија на новинарката Александра Бубевска, фокусирана на прашањата на маргинилизираните групи во Македонија, sатирична контактна емисија Full Contact со писателот Иван Шопов., интервјуа и разговори со активните актери на уметничката сцена кај нас но и од странство, дебати и концери во живо.

Овој проект исто така има за цел да ја преиспита радио формата и да развие ново значење на радиото како медиум како медиум во кој слободно ќе се говори и размислува, но и како уметничка платформа што ќе обединува содржини кои не се достапни на ниту еден медиум во земјата.

2018-12-19T12:01:28+00:00 март 30th, 2016|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 106|