Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

/, Галерија, Блесок бр. 28/Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

палимпсест

#7 Палимпсестот е текст напишан преку некој друг текст, кој претходно е иструган. Физичкото стругање на текстот е најдалекусежна критика на интерпретацијата и ја вмешува вонзнаковноста. Всушност, текстот е ослободен од својот однос спрема претходникот во доменот на содржината, зашто тие два записи никаква тема или приказна не ги поврзува, но тој е осуден на својот претходник во рамките на начинот на постоење. Веќе не е битно што подоцнежниот текст во ниту еден поглед не се однесува на претходниот, тој не може да се ослободи од својот претходник. Драстичен пример за палимпсест е црно-белиот инсерт за инцестот од #6 почетокот на векот, во „Збогум на 20 век“. Тој палимпсест не е во никаква врска со останатите две филмски целини, освен дека се работи за инцест, што е и една од генералните линии во филмот. Со тоа што не се совпаѓаат хронолошки и сижејно во филмот, не се знае каков е каузалниот однос меѓу нив. Дали едниот филм му претходи на другиот, дали е инспирација за филмот, или е подоцна настанат. Палимпсестот е присутен на различно ниво на филмот. Бидејќи сцените се конструирани мизансценски и фотографски, според урнекот на веќе постојните филмови, вистинските сцени постојат палимпсестно зад ново сниманите. Ликот на Кузман е пример за палимпсестен лик. Во него се испреплетени многу нишки, тој е Кузман Капидан, Болен Дојчин, Рамбо, Дракула. Преку палимпсестноста, најдлабоко продира постмодерничкото кредо дека сè е веќе кажано и дека не може ништо ново да се каже и дека сè што останува е само да се повторува нечие туѓо искуство.

2018-08-21T17:21:47+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 28|