Skopje secret spots – истражувачки проект

/, Галерија, Блесок бр. 138 - 139/Skopje secret spots – истражувачки проект

Skopje secret spots – истражувачки проект

“Кај мене нема никакви суштински промени. Тоа е само константен, континуиран развој, тоа се длабоко обмислени чекори, кои доаѓаат врз основа на веќе постигнатото. Само го расчистував она кое е во спротивност со суштината на мене самиот и со мојот однос спрема светот се’ додека не дојдов до својот праелемент во цртежот, бојата, концепцијата. Тоа ќе рече дека сега сликам со една четкичка, со црна, црвена и жолта боја и всушност своите преокупации ги изразувам преку формалните праелементи на квадрат, триаголник и круг, без трета димензија. Да го сложам сето тоа во една реченица, плагирана реченица, сметајќи дека така станува појасно: “Везилке, кажи ми, како да се роди, проста и едноставна македонска песна…” Тоа може да се роди денес само во распонот помеѓу нашето средновековно сликарство-онаму каде каде било прекинато пред 500 години народното творештво, – и традицијата во светот, модерната уметност. Со моиве слики јас како творец не сум задоволен, но би бил среќен ако на крајот постигнам моето творештво да се јави како онаа изгубена алка на континуитетот на нашата уметност”. Димитар Кондовски, дневен печат, Скопје, интервју со Ксенија Гавриш, 24.11.1963 год.

Досега необјавена и недокументирана Просторна инсталација од уметникот Димитар Кондовски, изведена во железо во периодот помеѓу 1966/1968 година. Направена е за придружен објект на  Железарница Скопје.


Витражот, Светлина на минатото, 1975, изработен од уметникот Борко Лазески во 2 вертикални ленти со димензии 10 х 2.5 метри интегрирани во ентериерот на свечената сала на Македонската академијата на науки и уметности изградена по проект и ентериерен дизајн на архитектот Борис Чипан во 1975 година.
Локација: Бул. Крсте Мисирков бр.4
фото: Иван Блажев


Мозаик “Монетите во Македонија низ вековите” изработен од уметницата Ана Темкова, во 1978 година, со површина од 14 м2. Изведен е во венецијански и прилепски камен, изработен за холот на зградата на Стопанска банка, сега простории на Комерцијална банка. За овој монумент уметницата ја добила престижната награда” 11 Октомври” што ја доделува Собранието на Р. М за врвни достигнувања и осведочени вредности во областа на уметностите и науката.
Локација: Експозитура на Комерцијална банка, Кеј Димитар Влахов, Скопје.

“Мозаикот, опфаќа 14 квадратни метри и е изведен во благ релјеф од венецијански и прилепски камен. Мозаикот го завршив пролетва, а за подготовките на проектот и изведбата, со оглед на тоа дека ова е прва моја монументална композиција, ми беа потребни речиси дванаесет месеци. Од страна на порачувачот (Банката) ми беше поставена задача преку мозаикот да ги претставам монетите во Македонија низ вековите. Но иако темата, така да се рече, ми беше наметната, мозаикот како композиција ги содржи сите мотиви што јас ги сликав и досега: фигури, накит, носии, фасади, од старата македонска архитектура. Како мотив за мозаикот зедов шест селанки од разни наши краишта, со носии што содржат доста накити и низи од пари чие блештукање го доловив симболично со отсветот на венецијанскиот камен”. Ана темкова, Вечер, 18 ноември 1978 година, стр. 11.

АвторБлагоја Варошанец
2021-12-09T22:28:51+00:00 август 15th, 2021|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 138 - 139|