Низ минатото, Берлин ја испишува сегашната историја

/, Галерија, Блесок бр. 53/Низ минатото, Берлин ја испишува сегашната историја

Низ минатото, Берлин ја испишува сегашната историја

Оригиналност што ја вознемири публиката

#2 Првенствено кинескиот филм „Туината венчавка“ на Ванг Кван, кој на особен начин ѝ прави посвета на Монголија, на еден начин на живеење, традиција и корени кои сè повеќе го губат своето значење. Ванг Кван, кој меѓу другото и фантастично ги слика овие степи, се обидува да ја задржи земјата која е на пат да исчезне, да ја зачува во своето, но и наше сеќавање колку што може подолго. Монголија која Кван ја слика го носи животот во склад со природата, живот кој во својата суштина е едноставен, целосно посветен и пожртвуван, искрен и чист, но од друга страна и многу суров и безмилосен, во кој за да опстанете мора да ги следите законите на природата. Туја е една прекрасна млада жена која ќе сака овој маѓепсан круг да го разбие, а тоа секако дека ќе ѝ донесе бројни последици. Она што е најинтересно во оваа прекрасна љубовна и животна приказна е дека Кван ја правел според вистински личности. „Туината венчавка“ беше еден од фаворитите на критичарите кои оваа година ја однесе „Златната мечка“. Тоа не беше случај и со другите наградени филмови, па тоа беше дополнително разочарување. Меѓу нив беа аргентинскиот „Другите“ на Ариел Ротер, германскиот „Јела“ на Кристијан Пецолд и израелскиот „Буфорт“ на Јозеф Седар.
#3 Интересно е дека филмот кој не беше баш добро примен и многу високо оценет од критиката, корејскиот „Јас сум киборг и тоа е в ред“ на Парк Чан-вук, беше всушност и најоригиналниот израз кој можеше да се види на годинешниот фестивал. Овој филм сосем заслужено ја доби наградата за иновативност „Алфред Бауер“ бидејќи сето она што Чан-вук успеа да го спои во овој филм, не само што е нешто исклучително и ново, туку неговата визија се граничи со генијалност. Меѓутоа, приказната поместена во психијатриска болница во која откачените приказни на неговите ликови тој ги прикажува со една фантастична веројатност, реалност и уверливост, при што неговите идеи одат до неверојатни граници, беше тешко прифатливо за многумина. Но, факт е дека тој преку овој свој неверојатен израз успеа да проговори за целата филозофија на живеењето, а тоа да го понуди низ фикција која во суштина вознемирува токму поради својот фантастичен допир со реалноста.

Мекензи и Ружовички поинтересни од Де Ниро и Содерберг

#4 „Халам Фое“ е британскиот филм на Дејвид Мекензи кој ја освои наградата за музика. Ова беше по малку необично решение, или можеби компензација, бидејќи овој филм навистина заслужува многу повеќе од тоа. „Халам Фое“ е всушност филм за еден неприлагоден тинејџер што навидум и не ветува нешто многу поинакво, но токму затоа и неговиот оригинален пристап беше едно прекрасно изненадување. Мекензи го води овој филм многу динамично, жестоко и необично, па сите неминовни патетични решенија во една таква констелација остануваат на споредниот пат. Смелоста на Мекензи да ги истражува мрачните граници на вознемирениот ум му овозможува да шокира со во суштина многу вообичаени нешта. За тоа е заслужна и брилијантната игра на Џејми Бел во улогата на тинејџерот. Меѓу подобрите остварувања годинава беше и австрискиот „Фалсификатор“ на Стефан Ружовички, кој повторно нè враќа во концентрационите логори, но на еден навистина поразличен начин. Ружовички се осврнува на вистинската приказна за Саломон Сорович и познатата „Операција Бернард“ кога Германците ќе сакаат да ја уништат британската економија, прикажувајќи ни еден сосем поинаков свет во логорот, една поинаква логика и борба, која го има истиот интензитет, но со различна психологија.
#5 Со војната се занимаваат и филмовите на Стивен Содерберг „Добриот Германец“ и на Роберт де Ниро „Добриот пастир“, филмови кои важеа за големи фаворити, но кои и покрај скапите продукции не ги оправдаа очекувањата. Содерберг го прави својот филм во разурнатиот повоен Берлин за време на мировната конференција во Потсдам, во црно-бело и во стилот на филм-ноар, но освен претенциозната таинственост и омажите на ѕвездите како Марлен Дитрих и Хемфри Богарт, не успева на филмот да му ја даде потребната интригантност. Се чини дека сакајќи овој трилер да го направи што позамрсен и попредизвикувачки и автентично да го исцрта филмското време на случувањето, тој ќе се загуби во сопствениот лавиринт и нема да успее да ги заокружи ликовите и настаните оставајќи ги бледи и неубедливи. Роберт де Ниро, пак, во својата приказна за раѓањето на ЦИА #6 каде што фокусот го става на фактот дека таа порано или подоцна ги јаде своите деца, има еден многу личен, здодевен и праволиниски пристап. Ништо од очекуваната конспиративност, од очекуваната возбудливост или разоткривање, тоа е филм виден низ очите на агентот кој го игра Мет Дејмон и филм кој е сосем свртен кон неговата внатрешна психолошка состојба. Роберт де Ниро, со својот постепен и систематичен приод, како да сака на овој филм да му даде епски димензии, но тој ни оддалеку не е она на што претендира и во сценаристичка смисла, и во поглед на режијата, па и на глумата иако во Берлин ја доби наградата за уметнички придонес на целиот актерски ансамбл (покрај Дејмон во него играат и Анџелина Џоли, Тимоти Хатон, како и Германката Мартина Гедек).

2018-08-21T17:21:19+00:00 април 14th, 2007|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 53|